Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа на анкета на Народна банка – граѓаните со најмногу поплаки до банките за дебитни и кредитни картички

0
By Sashko on September 23, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Анализа на структурата на поплаки за одделни банкарски производи и услуги од анкета на Народната банка покажува дека минатата година преовладувале реакциите за дебитните и за кредитните картички (36,6 проценти), од кои најголем дел се однесувале на висината и пресметката на надоместоците и функционалноста на услугата.

Следни се поплаките за потрошувачки кредити со 10 проценти, за однесувањето на вработените со 9,3 проценти, за трансакциски сметки со 8,5 проценти од кои поголем дел се однесуваат на рекламации (на пр.: сторно налози), за надоместоци и за други аспекти; за електронско и мобилно банкарство со 8,2 проценти, а претежно за функционалност на услугата.

Поплаките во однос на други директни канали (смс, банкомати и сл.)  се 4,3 проценти од вкупниот број, додека поплаките за депозити, станбени кредити и извршувања за присилна наплата поеднично сочинуваат под два процента од поплаките. Најмало учество имаат поплаките за реклами на банкарските производи и услуги (0,5 проценти). Сепак, значаен дел од поплаките (18 проценти) се во категорија друго, односно се нераспределени во наведените категории.

Во анкетата за заштитата на потрошувачите на Народната банка биле опфатени аспекти поврзани со одговорното кредитирање, надоместоците за банкарските услуги, ракувањето со поплаките кај банките и штедилниците.

Според анализата, поплаките за потрошувачките кредити бележат тренд на пораст на структурното учество во последните две години, од 2,9 проценти во 2019 година, на 10 проценти во 2021 година. Групата големи банки во 2021 година има најголемо учество од 76,9 проценти во поплаките за потрошувачките кредити, кои бележат пораст споредено со 2019 кога учествувале со 47,6 отсто. Поплаките поврзани со електронското и мобилното банкарство, исто така, бележат зголемено учество од околу 2 проценти во периодот 2018- 2020 година на 8,2 проценти во 2021 година.

Вкупниот број на поплаките во банкарскиот систем во 2021 година е намален и сведен под нивото во 2018 година, а одговорите на поплаките банките ги доставуваат до клиентите вообичаено во рок од 15 дена, што е споредливо  со практиката во други земји. Сепак, како што велат од НБ, пристапот кон заштитата на потрошувачите е различен во обем и квалитет и зависи од воведените поединечни политики на банките.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.