Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа на „Оксфам“: Додека работниците преживуваат, десетте најбогати Американци заработувале милијарда дневно

0
By Marija Todorovska on May 22, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека милиони Американци се борат да ги покријат основните трошоци за живот, 10-те најбогати Американци, и покрај флуктуациите на берзите, заработувале по милијарда долари секој ден и се збогатиле за уште 365 милијарди долари, покажа анализа на „Оксфам“.

Зголемување на богатството претставува добивка од околу милијарда долари дневно за елитната група милијардери, додека, пак, типичниот американски работник во 2023 година заработил нешто повеќе од 50.000 долари.

Податоците доаѓаат во време кога републиканците дебатираат за закон за кој непартиските експерти велат дека ќе ги направи богатите уште побогати и ќе скрати речиси трилион долари од финансирањето за клучните социјални програми.

Богатството на милијардерите астрономски се зголеми, додека толку многу обични луѓе се борат да врзат крај со крај, објави во извештајот директорката за економска и расна правда на „Оксфам Америка“, Ребека Ридел.

За да ги утврди добивките на најбогатите, „Оксфам“ во реално време ги мереше промените во богатството на првите 10 на листата на милијардери на „Форбс“ меѓу крајот на април минатата година и крајот на април годинава.

Елон Маск, најбогатиот човек во светот, учествува со малку повеќе од половина од вкупното зголемување на богатството, бидејќи во тој период заработи 186,1 милијарди долари. Нето вредноста на сопственикот на „Мета“, Марк Закерберг, и наследникот на „Волмарт“, Роб Волтон, се зголеми за 38,7 милијарди долари. Инвеститорот Ворен Бафет заработи дополнителни 34,8 милијарди долари, додека наследникот на Волмарт, Џим Волтон, заработи 36,5 милијарди долари. Некои милијардери, како коосновачите на Гугл, Лари Пејџ и Сергеј Брин, во тој период изгубиле дел од своето богатство.

Оксфам тврди дека републиканскиот закон, за кој Доналд Трамп рече дека е негов приоритет, дополнително ќе им наштети на обичните луѓе, а ќе им користи на најбогатите.

Според Оксфам, данок од само три проценти на богатство над милијарда долари би обезбедил 50 милијарди долари само од 10-те најбогати Американци, доволно за да се обезбеди помош во храна за 22,5 милиони луѓе за една година.

Други, пак, тврдат дека данокот на богатство би бил многу предизвикувачки, делумно затоа што може да биде тешко да се процени нето вредноста што ја има некој, а некои правни експерти се прашуваат дали данокот на богатство би бил уставен

Оксфам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.