Грчката фондација за европска и надворешна политика Елиамеп објави уште една анализа за процесот за пристапување на Македонија во Еропската унија која, иако нема ништо ново што досега не е кажано, ја наслови „Надежите за интеграција на ПЈРМ во ЕУ: Деликатна рамнотежа“.
Во текстот на професорот Павлос Коцкидис се анализира последниот заклучок на Европскиот совет на Македонија да не и се даде датум за почеток на преговорите со ЕУ се додека не се реши прашањето за името.
Коцкидис потестува дека премиерот Самарас ја поздрави оваа одлука како голем позитивен развој кон постигнување фер и одржлив компромис, додека шефот на македонската Влада Никола Груевски изрази разочарување и ја обвини Грција дека го блокира патот на Македонија кон Унијата.
Според Елиамеп, одлуката на Советот само го одложила одредувањето датум за почеток на пристапните преговори и понудила нова шанса за изнаоѓање взаемно прифатливо решение.
Како и да е, брзањето на еврокомесарот Филе да ја интегрира Македонија во европското семејство може да превладее врз можниот неуспех за постигнување решение за прашањето за името, заклучува Коцкидис.
Во услови на отсуство на договор со Грција, останува да се види дали и како Европската унија ќе го внесе тековниот спор за името во раната фаза од пристапните преговори на Македонија со Унијата, заклучува грчката.фондација.