Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Полицијата во цензорска акција

0
By Борјан Јовановски on September 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Полицајците кои денеска го обезбедуваа паркот кај Бристол со ништо предизвикани им се закануваа на новинарските екипи со кривични пријави а екипата на НОВА ја принудија да го избрише снимениот матерјал.

Новинарот од ФОКУС, Владо Апостолов на својата ФБ страница напиша дека полицаец му се заканил со кривична пријава поради тоа што тој ја вршел својата новинарска работа и правел фотографии од местото на настанот.

Во случајот со екипата на НОВА, полицаецот кој го принудил нашиот новинар да го избрише видео записот не се повикал на никаква законска одредба, подзаконски акт, решение или било каков документ кој му го дава правото да забрани вршење на новинарска работа и бришење на снимен видео материјал.

Од нашиот новинар било побарано да се легитимира при што на полицаецот му била приложена прес картата која би требало да овозможи слободно извршување на новинарските задачи.

НОВА се обрати до портпаролот на МВР, Иво Котевски со барање да објасни врз база на кои законски или подзаконски акти полицијата има право да постапува на ваков начин со новинарите и да им попречува при извршувањето на нивните професионални обврски.

Според Котевски се работи за мерка за претпазливост, бидејќи полицајците вршат исклучително сериозна и во многу аспекти ризична професија, а „откривањето на нивниот идентитет може да ја загрози нивната безбедност“, објасни за НОВА, Котевски без да презицира во кој правилник или законски акт е предвидена оваа мерка за претпазливост. 

На нашето инсистирање да добиеме конкретен одговор каде и како се предвидени овие мерки на претпазливост не успеа во намерите.

Што се однесува до случајот на нашиот колега Апостолов на кој полицаецот му се заканил дека кривично ќе го гони доколку фотографир , Котевски нема одговор на прашањето дали во ваков случај кога новинар фотографира полиција на јавно место станува збор за кривично дело или не.

Опомената од полицаецот дека новинарот ќе добие кривична пријава доколу фотографира, Котевски не сакаше да ја коментира бидејќи се уште не знаел дали тоа навистина го рекол полицаецот.

Во обид да дојдеме до одговор за тоа дали постојат било какви правни документи врз кои е базирана одлуката на полицајците да одземаат снимен видео матерјал наменет за инфомирање на јавноста или да спречат снимање разговаравме и со поранешни функционери во МВР.

Павле Трајанов актуелен пратеник и поранешен министер за внатрешни работи ни рече дека снимањето може да се ограничи само на места на кои постои јасна ознака дека снимањето е забрането а тоа е во случаи на стратешки објекти. Што се однесува до мерката применета на нашата екипа таа за Трајанов не е позната во неговата пракса како поранешен прв човек на полицијата. Полицајците извршуваат јавна функција и како такви немаат право да спречат да бидат снимени, смета Трајанов.

НОВА контактираше и поранешен висок функционер во јавната безбедност кој побара анонимност. Според него полицијата нема право на таква мерка. Тој вели дека професијата полицаец е ризична но дека токму поради тоа полицајците имаат бенифициран стаж и други привилегии. Што се однесува до нивниот идентитет ако тој треба да биде заштитен постојат процедури според кој полицаецот во такви операции носи маска со цел да го сокрие идентитетот.

Побаравме и толкување од правници. За образложението кое го добивме од Котевски во правната анализа се вели:

Прво, доколку тоа е навистина така, тогаш тоа би требало да биде политика на Министерството, регулирана со правен акт. Односно, не може некогаш снимањето на ликовите на униформираните полициски службеници да биде дозволено (како што воообичаено е практиката до сега), а некогаш не (доколку не постојат некакви посебни околности на ризик, кои во овој случај дефинитивно не постоеја).

Второ, медиумите имаат средства и можности за прикривање на идентификациските карактеристики на секој полициски службеник (затемнување на ликовите, на деловите од униформата кои укажуваат на припадност на поединечна единица во рамките на Министерството и сл.) и поради тоа, самото снимање не претставува никаква закана за безбедноста на полициските службеници (евентуалното објавување на тие снимки без прикривање на идетификациските обележја на полициските службеници би можело да се смета, само доколку навистина се случи загрозување на безбедноста на полицискиот службеник, што досега се нема случено).

Трето, униформираната полициска дејност е дејност од јавен интерес и како таква, не подложи на никакви ограничувања во поглед на снимање на нејзините активности. Имено, токму затоа е и униформирана полициска дејност, бидејќи тој дел од полициското постапување мора да биде транспарентно за граѓаните.

Четврто и најзначајно, доколку постои реален ризик за полициските службеници, тогаш самото МВР е должно да ги преземе мерките за нивна заштита (обезбедување на маски за полициските службеници), а не тоа да го прави со бришење на снимки на новинари.

Инаку забраната за снимање или одземање и бришење се регулира со членот 57 од законот за полиција. А во него се вели:

Полицискиот службеник може привремено да одземе предмети со наредба на суд, во случаите утврдени со Законот за кривичната постапка.
Одземањето на предмети може да се изврши и без наредба на суд во следниве случаи:
1) кога постојат основи за сомневање дека се работи за предмет на кривично дело, прекршок или имотна корист прибавена со кривично дело или прекршок кој може да послужи како доказ во постапката, доколку постои опасност од одлагање;
2) кога заради заштита на општата безбедност, одземањето на предметот неопходно е потребно и
3) на лице на кое привремено му е ограничена слободата на движење, а поседува или може да употреби предмет за самоповредување, напад или бегство.

Како што може да се види, во овој случај немаме правна основа ниту за одземање, ниту за бришење на снимката. Дури и доколку полицискиот службеник сметал дека снимката ја загрозува општата безбедност, најмногу што можел да направи е да ја одземе и да издаде потврда за привремено одземени предмети.

На крај, слободата на јавно информирање и на пристап кон информации, како дел од Уставот на РМ (чл.16) за секое демократско општество е повисока вредност од заштитата на интересите на прекршочната постапка.

Како заклучок од се може да се каже дека денешното однесување на полицијата кон новинарите е обична ЦЕНЗУРА во Европа позната уште единствено во држави како Белорусија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.