Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Расте бројот на тендери во четири очи

0
By Сашка Цветковска on May 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договори во четири очи, фаворизирање на одредени фирми преку поставување специфични критериуми, но и дискриминација на малите фирми да конкурираат поради нереалните критериуми се само дел од резултатите од редовните квартални и годишни истражувања на Центарот за граѓански комуникации од Скопје.

Најновиот извештај кој го анализира последниот квартал од 2012 година покажал загрижувачки тренд на зголемување на тендерите во четири очи. Во нетранспарентни постапки со преговарање без објавување оглас се одлеале 65 милиони евра државни пари, а од нив само во последноот тромесечје се потрошиле 22 милиони евра што засега е рекорд. Според државните органи, причината за ова било неможноста да се закаже е-акуција поради малата конкуренција.

Тендери по мерка за посакуваните фирми

Но, според извештајот, причините за малиот број понудувачи на тендерите се дискриминаторските одредби во тендерите кои овозможуваат фаворизирање на одредени фирми. Од фирмите се бараат точни суми за обртот на средства дури и кога тоа е ирелевентно за конкретната набавка или пак набавката е премала за да се бара голем обрт од понудувачите, а неретко се бараат и конкретен број и облик на технички и кадровски ресурси или, како што велат експертите, се зацртува ликот на конкретната фирма која треба да го добие тендерот.

“Критериумите за кфалификација на фирмите се претворија во критериуми за дискриминација. За жал, системот за јавните набавки останува затворен за малите фирми, останува затворен за новоформираните фирми, и ќе посочам еден пример во кој за учество на тендер се бараше фирмата да има годишен обрт од неколку милиони евра, потоа да има добивка во последните години од десет милиони евра, што секако е крајно нелогично бидејќи институциите бараат одреден производ или услуга од некаква фирма, а не бараат да купуваат удел во фирмата па нив да ги интересира нивната добивка, што секако е нерелавнтно за набавките, но можеби е релевантно за да се избере соодветен понудувач на кој одреденото министерство има намера, за жал”, вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации која со години ги следи јавните набавки.

Во последниот квартален извештај е даден примерот со огласот на Министерството за земјоделство во кој органот бара понудувач за осмислување и реализација на кампања за промоција и јакнење на претприемачки дух во земјоделството, но како критериум е поставено„претходно искуство во дизајн и изработка на промотивни материјали за државни органи“.

„Дискутабилно, ограничувачки и дискриминаторски е барањето таквото искуство да биде поврзано исклучиво со дискриминаторски е барањето таквото искуство да биде поврзано исклучиво со 10 државни органи, што значи оние што изработувале промотивни материјали исклучиво за субјекти од приватниот, невладиниот сектор или за странски донатори се исклучени од можноста да достават понуда. На овој тендер понуди доставиле 2 фирми, од која само едната понуда е оценета како прифатлива и со неа е склучен договорот без да се одржи планираната е-аукција”, се вели во извештајот.

Друг пример, овојпат од извештајот од претходната година, кој одлично го илустрира проблемот со фаворизирањето на одредени фирми и сомнителните критериуми под кои се бираат е тендерот за набавка на хемикалии за технолошки процес во Министерството за животна средина. Имено, за набавка од само 83 илјади евра колку што нудело министерството за хемикалиите, тие барале фирма која имала годишен обрт 1, 6 милиони евра за секоја година поединечно во последните три години, остварена добивка од 813 илјади евра годишно, исто така за последните три години, но и минимум триесет вработени, минимум пет договори во област слична на она што се набавува, минимум пет години работно искуство. На крајот, очекувано на тендерот се јавила само една фирма.

Не постојат судски случаи за злоупотреби со набавките

Иако извештајот на Европската комисија нотирал дека се покренти неколку кривични обвиненија за злоупотреби во сферата на јавните набавки, сепак, судска статистика на осудени за вакви злоупотреби не постои.

„Ние кај нас немаме слушнато во последните години да е покрената некаква постапка против некого за злоупотреби во сеферата на јавните набавки и тоа е навистина загрижувачки, ипсраќа порака, една неповолна порака до институциите дека нема санкции нема казни и за жал дека е можно да се злоупотребуваат државните пари”, вели Сабина Факиќ.

Во последниот извештај е забележано дека корупцијата во сферата на јавните набавки останува сериозен проблем и дека е потребна посилна контрола врз набавките, како и санкции за злоупотребувачите.

“Корупцијата во јавните набавки и понатаму останува сериозен проблем. Институционалната рамка и превзмените мерки остануваат неприспособени за ефикасно решавање на овој феномен. Потребно е дополнително подобрување на постојното законодавство за справување со ризиците од корупција и зголемување на транспарентноста во јавните набавки. Системот за внатрешна контрола во јавната и локалната администрација останува слаб“, пишува во извештајот за напредок на Европската комисија од 2012.

Засега, единствениот кој врши контрола врз процесот на набавки е Државниот завод за ревизија. Но, во 2011, откако ревизорот објави извештај за работата на некои државни институции кои имаа набавки врзани со проектот Скопје 2014, Собранието забрани да се расправа за ревизорските извештаи на седниците под изговор дека се нарушувала презумпцијата на невиност. Оттогаш, ревизорите прекинаа да ги пишуваат имињата на фирмите врзани со злоупотребите кои тие ги констатираат, а се укина децениската пракса извештаите на ревизорите да се разгледуваат на собраниските седници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.