Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анџело, Клементина и Андреј – три слики за македонското општество

0
By Соња Крамарска on April 15, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Анџело, Клементина и Андреј, иако биле на различна возраст, од рана младост (19) до средна (22) и до зрела младост од 28 години, во работен ден седеле во дискотека до 3 часот по полноќ. Тоа значи дека Анџело, Клементина и Андреј следниот ден не требало да станат за да одат на работа или на факултет. Или уште полошо, ако работеле веројатно имале колеги кои љубезно ќе ги покријат додека они дремат во ќоше со изговор дека не им е добро.

Анџело, Клементина и Андреј, очигледно немале ни родители кои загрижено ќе ги побараат своите деца бидејќи не се вратиле дома до полноќ. Па што, ова е Македонија, младите скитаат по цела ноќ, резонирале родителите. Смртоносната АКА тројка (кратенка од нивните имиња), веројатно и не била подучена од родителите дека не е добро да тепаат луѓе, и дека особено не е добро да клоцаат луѓе паднати на земја и неспособни да се бранат. АКА тројката немала проблем и да се турка во такси четворица на задно седиште – затоа што нив не ги интересира законот, а знаат и дека закон тешко се спроведува во Македонија. Особено во 3 часот наутро. Најпосле, и уморниот од дежурство таксист, наместо да им откаже возење бидејќи биле повеќемина од дозволените со закон патници за едно возило, чекал да падне крв па да им го откаже превозот. Сметал на голема заработувачка разнесувајќи ги сите патници низ различни делови на градот.

Загинатиот Денис Тот, веројатно ги занемарил сите овие проблеми, и играл на картата на „мирољубивиот македонски народ“, кога во едно интервју ентузијастички изјавува дека е среќен што по двегодишниот ангажман во Охрид, повторно останува во Македонија. За жал неговиот привремен клубски договор, се претвори во доживотен престој во Македонија. Денис Тот не успеа да дава голови за Македонија, туку Денис Тот прими голови од Македонија. Без можност да се брани.

Да бидат сликите подетални, да фрлиме поглед и на болницата на познатото болничко одделение КАРИЛ, каде што луѓето бараат спас кога веќе им нема спас, и каде што навистина медицината го прави своето чудо и оживува веќе мртви пациенти. И, вистина, на КАРИЛ се случи чудо, но не медицинско туку македонско чудо. Медицински феномен. Човек тепан, паднат на асфалт, удиран со нозе во глава, ама гледај чудо – нема надворешни повреди. Изгледа навистина човекот стигнал таму здрав, ама го натепале докторите, како што досетливо ќе изјави директорката Маја Мојсова – Миовска. Наместо да каже што е преземено на КАРИЛ за да се пронајдат виновниците кои не ги виделе повредите на несреќниот ракометар, докторката фанатично го покрива нејзиниот тим грижејќи се да не се замери со колегите. Типична македонска „раководителска“ приказна. Тажна приказна за непрофесионалноста, незаинтересираноста за човечката судбина, егоизмот и отсуството на стручни амбиции.

Такви приказни има многу во Македонија. Пред само неколку години, голем потрес предизвика и случај во Штип, кога малолетна девојка беше тепана од своето момче и негови другари, во влезот на зградата каде што живее. Насилниците толку беа сигурни во својата недопирливост што снимија и видео од настанот, како сведоштво на нивната моќ и големина. Свирепоста во нивните постапки, не го остави никого рамнодушен, но случајот и брзо се заборави под налетот на евтиниот сензационализам кој ги преплави медиумите и со кој се уште се храни медиумскиот наратив во нашата земја.

Трагично е што и двете видеа, и тоа од тепањето на девојката и видеото од убиството на Денис Тот, се претворија во берзански медиумски продукт, наместо во клучен доказ за истражните органи. А докази не се објавуваат во јавност пред да се искористат во судска постапка. Развиените правни општества таквите докази ги нарекуваат компромитирани докази кои повеќе не вредат во судницата. Затоа видео снимката од убиството на несреќното момче е последната слика, камчето во мозаикот, за македонското општество. Општество каде суди и пресудува улицата, каде што социјалните мрежи станаа и обвинители и судии, и каде што веќе имаме загрижувачки преседани судии да носат судски пресуди не според законите туку според барањата на толпата.

Има уште многу приказни за огледалото на македонското општество. Можеби најголемиот број од нив не завршуваат со трагичен крај како оваа, но носат друга трагедија – случувањата остануваат меѓу актерите кои понатаму ги раскажуваат давајќи им инспирација на други млади луѓе.

Соња Крамарска

Анџело Денис Тот Клементина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.