Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андоновска: Висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица

0
By Marija Todorovska on February 13, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 13, 2025 14:32

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска во изјава за медиумите истакна дека се забележува зголемување на бројот на заболени слични на грип кој е над неделната граница за средна активност. Потенцира дека резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенцата покажуваат дека има широка географска активност на грипот, а процентот на позитивност е над границата од 10 проценти пет недели по ред. Директорката истакна дека во периодот од 5 до 9 февруари годинава, во Македонија се пријавени 2.880 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот, што е за 5,1 процент помалку во споредба со претходната недела кога бројот на регистрирани случаи бил 3.036 наспрема сегашните. Пријавените заболени повеќе се од Скопје 692 лица, во Струмица 333, во Битола 304, во Свети Николе 158, во Охрид 141, во Радовиш 122, во Велес 140, во Куманово 109. А во останатите градови низ земјава бројот на заболени е под 100 лица.

Согласно достапните податоци, Македонија има висок интензитет на вирусот на грип во овој период. Помалку од претходната недела, но во однос на истата оваа недела од минатата сезона кога бројот бил само 1.875, сега имаме зголемување за дури 53,6 проценти. А во споредба со шестата недела во последните 14 сезони кога бројот бил 2.585, зголемувањето оваа недела споредбено со претходниот период од 14 сезони е за 11,4 проценти. Пријавената инциденца е над неделната граница, на средна активност на вирусот на грип, рече таа.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.552 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години, 685 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 317 кај деца на возраст од нула до 4 години и 217 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

Андоновска нагласи дека во однос на вкупниот број оваа сезона на случаи на грип, заболени се вкупно 11.614 лица. Во споредба со истиот период минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 10,2 проценти. А во однос на последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 11,8 проценти.

Ние сме во комуникација со нив и тие ја следат состојбата. Тие ги добиваат редовно извештаите, како и сите други надлежни институции. И министерот издаде одредена насока до здравствените институции каде побара од сите здравствените институции да ги почитуваат превентивните мерки со оглед на постоечките бројки, рече Аднонова одговарајаќи на новинарско прашање дали до Комисијата за заразни болести ќе дадат некакви препораки.

Директорката на ИЈЗ истакна дека и стапките за заболени на грип или на акутни респираторни инфекции и во европскиот регион се покачени над основните нивоа во 29 од вкупно 33 земји од области.

Апелира да се следат препораките кои се однесуваат за превенција во однос на заболувањата на грип и слични на грип и доколку се констатира дека некој е заболен да ги следи препораките кои се препорачуваат за самоизолација и одредени други препораки кои се веќе општо познати.

Андоновска ИЈЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.