Снежана В Андраши: Во Скопје започна Европското младинско олимписко првенство, но организацијата е на понижувачко ниво. Нема никаква промоција, ниту билборди, ниту видливи најави, ниту атмосфера достојна за еден европски настан. Се одржува натпревар без публика, без интерес, без почит кон младите спортисти кои заслужуваат многу повеќе.
Како може ваков настан да помине незабележано? Каде е поддршката, каде е спортскиот дух, каде се институциите?
Ова не е само пропуст – ова е срам за Скопје, срам за Македонија. Не знаеме да цениме ниту спорт, ниту младост, ниту потенцијалот што го имаме.
Извор: Фејсбук