Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Пожарникарите во Чучер Сандево нашле запалени палети и мирисало на бензин, зад сите пожари стои човечки фактор

0
By Marija Todorovska on July 9, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.

Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел, рече Анггелов синоќа во гостување на телевизија Телма

Би рекол дека зад сите пожари стои човечки фактор, вели Ангело во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Минатата година имавме само неколку пожари предизвикани од громови, како големиот пожар кај Тажево, Брезница. Имам очевидец со кој лично зборував, кој што го виделударот на гром и појавата на огнот. Во некои случаи детектиравме појава на пожари од допирање на жици на бандерите“, вели Ангелов.

За пренамената на возилата на интервентната пожарна, Ангелов рече дека се правени со поддршка на општествено-одговорни компании, без средства од Владата.

 Во овој момент во државата постојат Републички сили за заштита и спасување или тим за заштита и спасување кои што се составени од тим за брз одговор. Во овој момент, најслично име што ќе го носи оваа единица е специјален тим за брз одговор. Сега работиме на прилагодување на одредбите, но и тоа бара време. Не заборавајте дека еден и пол месец сум директор. Направив 100 промени за овој месец и пол, истакна Ангелов.

Негова цел, како што кажа, е да се формира специјална единица за заштита и спасување за која, како што рече, е цврсто решен да ја направи.

Ние имаме резервен состав на противпожарни сили, ако можам да кажам, тоа се доброволните противпожарни друштва кои што имаат извонредни припадници, но тие не се професионални пожарникари. Се ангажираат претежно летно време за гаснење на исклучиво шумски пожари и пожари на отворен простор, но, не гледам причина овие луѓе да бидат ангажирани за гаснење на урбани пожари, со мала дообука, иако, според мене, не им е потребна, рече Ангелов.

пожар стојанче анеглов Чучер Сандево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.