Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Зарем требаше да падне хеликоптер за да се увериме дека не треба да летаат на пеколни температури?

0
By НОВА ТВ on August 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во девет часот одржавме состанок на Групата на процена и по опсежна расправа едногласно одлучивме дека нема потреба за прогласување кризна состојба, но телото ќе биде во постојано заседание доколку има потреба да се прогласи кризна состојба на дел од територијата“, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, додавајќи дека состанокот се одржал после издадената наредба на претседателот Стево Пендаровски за мобилизација на армијата. Тој кажа дека добро и согласно законот функционираат и меѓународните канали за помош, без да има потреба да се прогласи кризна состојба.

-Одредени центри на моќ пренесуваа дезинформации дека пожарот од пред пет дена кај Кочани не бил изгасен и повторно се разгорел. Не е точно, ова е нов пожар, кој најверојатно е поради спој на жици од далновод. Споро се ширел и бил под контрола, но ненадејниот јак ветер и сувата вегетација придонел да се рашири пожарот во различни правци. Од градоначалникот ми беше побаран хеликоптер, но тој се наоѓаше во Старо Нагоричане, каде беа загрозени повеќе куќи и тоа на терен што е тешко пристапен за цистерните. Додека, пак, пожарот кај Кочани можеше да се контролира по земјен пат, кажа Ангелов, според кого државата има ограничени ресурси, како со претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но и со СДСМ, а веројатно така и ќе биде во иднина.

Директорот на ЦУК истакна дека втората дезинформација е дека ЦУК не презел ништо.

-Уште во раните утрински часови, ангажиравме хеликоптер за гаснење пожари, односно тој полета накај Нагоричане. Во текот на вчерашниот ден со мое приватно возило заминав за Крушево, место кадешто сакам да го чествувам нашиот најголем празник, особено како бранител што крвавел. Јас не можам да знам дека во тој момент ќе се појави таков пожар, еве можеби и додека ја држам прес-конференцијата некаде се јавува страшен пожар, вели Ангелов.

Тој објасни дека на температури повисоки од 37 степени, не е безбедно летањето на хеликоптерот и не смее да се жртвуваат пилотите.

-Нивните животи нема да успееме да ги вратиме, а шумата повторно ќе израсне. Еден од хеликоптерите прегреа вчера и мораше да се крене на 2000 метри да се излади, за да се врати во базата. Не само македонските, туку и српските не можат да летаат на овие пеколни температури. Зарем треба да падне хеликоптер за овој факт да се потврди?, прашува Ангелов.

Тој извести дека побарал веднаш да се пренасочи хеликоптерот од Старо Нагоричане кон Кочани, но тоа било невозможно, бидејќи ќе немал доволно гориво и ќе се изгубело драгоцено време за да се врати и да се наполни, па повторно да доаѓа до Кочани.

-Затоа решив хеликоптерот за продолжи да гаси во Старо Нагоричане, каде спасувавме човечки животи, заклучи Ангелов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.