Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата во земјава е 3% што е под просекот на земјите во Југоисточна Европа

0
By Zoran Ivanov on March 16, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преземените монетарни мерки, заедно со намалувањето на цените на храната и на енергентите на светските берзи, се факторите коишто влијаеа инфлацијата во нашата земја да се сведе на 3%, што е под просекот на земјите во Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Сепак, иако ценовните притисоци се намалуваат и инфлацијата е во постојан пад, имајќи предвид дека и натаму постои неизвесност, неоходна е претпазливост и внимателен пристап при водењето на макроекономските политики, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на тркалезна маса во рамки на Регионалниот состанок на гувернери на централни банки, кој се одржа во Сплит, Хрватска, информираат од Народната банка.

Иако инфлаторниот шок е глобален феномен, кој ги погоди сите економии, сепак тој се манифестираше со различен интензитет во различни економии. И во самата ЕУ имаше голема разлика при што просечната инфлација во 2022 година се движеше од 5,9% во Франција, до 19,4% во Естонија. Кај нас просечната инфлација изнесуваше 14,2% и беше над просекот од земјите во ЈИE (11,7%). Притоа и инфлацискиот диференцијал во однос на ЕУ се зголеми како одраз на повеќе фактори, вклучително и повисокo учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка, големата увозна зависност и енергетската неефикасност (трошиме три пати повеќе енергија за производство на единица БДП), видот и интензитот на мерките, како и растот на профитабилноста на корпоративниот сектор на што упатува и анализата на Светска банка.

Од крајот на 2022 година, инфлацијата кај нас забавуваше со побрза динамика од ЕУ со што јазот помеѓу домашната инфлација и онаа во ЕУ речиси се исцрпи, а е пониска и од просекот во ЈИЕ. „Намалувањето на инфлацијата на 3% се должи на падот на цените на храната и на енергијата на меѓународните пазари, одредено намалување на енергетската увозна зависност со раст на домашното производство на енергија во 2023 година, како и монетарното затегнување“, посочи Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакна дека покрај неизвесноста поврзана со движењето на светските цени на примарните производи, регионот се соочува и со уште еден ризик, а тоа е растот на платите на кој што мора будно да се внимава.

На тркалезната маса на која говореше гувернерката Ангеловска-Бежоска, дискутираа и гувернерите на централните банки на Хрватска, Борис Вујчиќ, на Словенија, Боштјан Васле, на Црна Гора, Ирена Радовиќ, како и вицегувернерот на Босна и Херцеговина, Жељко Мариќ. На настанот свое излагање имаше и Алфред Камер, директор на Одделот за Европа при Меѓународниот монетарен фонд.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.