Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Продолжуваме со јакнење на финансиската стабилност

0
By Нова ТВ on May 17, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Најдобриот придонес што ние како централната банка можеме да го дадеме за зголемување на нивото на странски директни инвестиции во нашата земја е остварувањето на клучните цели: одржување на ценовната стабилност и одржување и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Успешно ги остваруваме овие наши цели. Макроекономската и финансиската стабилност е основа на инвестициската клима – таа ја намалува премијата на ризик на економијата и привлекува странски инвеститори, а придонесува и за зголемување на домашните заштеди.

Ова, како што соопштува Народната банка, го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на тематската дискусија посветена на структурните реформи и странските директни инвестиции,  во рамки на Економскиот и финансиски дијалог меѓу Европската Унија (ЕУ) и Западен Балкан и Турција, одржана денеска во седиштето на Советот на ЕУ во Брисел.

Осврнувајќи се на големиот број мерки и активности што ги презеде Народната банка во изминатиот период за да обезбеди уште поголема стабилност и отпорност на банкарскиот систем на земјава, таа меѓу другото посочи на воведувањето на капиталните барања во согласност со Директивата на ЕУ и со капиталната спогодба Базел III. Во своето излагање, гувернерката се осврна и на промените во регулативата спроведени од Народната банка, со цел натамошно јакнење на корпоративното управување на деловните банки, како и на бројните мерки за подобрување на квалитетот на средствата на банкарскиот систем  и за намалување на евроизацијата.

-Продолжуваме интензивно да работиме на зголемување на стабилноста на банкарскиот систем, како клучен столб на финансискиот систем. На тој начин ќе придонесеме за посилна, но одржлива финансиска поддршка на реалниот сектор. Ќе продолжиме со зајакнување на надзорот на систематски значајните банки, со зајакнување на  макропрудентниот капацитет и ќе придонесеме за натамошен развој на алтернативните финансиски инструменти, иновативното финансирање, продлабочување на финансиските пазари и поттикнување на  финтек услугите кај нас, порача Ангеловска-Бежоска во Брисел.

Тематската дискусија во рамки на годинешниот Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција беше посветена на структурните реформи што ќе ги спроведуваат земјите кандидатки за членство во ЕУ, со цел привлекување повеќе странски директни инвестиции и зацврстување на своите економии. На неа учествуваа голем број гувернери на централни банки и министри за финансии.

Претходно на настанот, претставниците на земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција ги усвоија заедничките заклучоци од годишниот економски и финансиски дијалог. Заклучоците, како што наведуваат во соопштението, содржат исклучиво позитивни оцени за поставеноста на монетарната политика кај нас, и воопшто, за заложбите на Народната банка за исполнување на насоките на ЕУ дадени минатата година во однос на Програмата за економски реформи. Европската комисија (ЕК) нагласува дека минатата година Народната банка во целост ја исполни препораката за монетарната поставеност и водеше приспособлива монетарна политика, одржувајќи ниска инфлација.

Во своите оцени, ЕК ги истакнува и заложбите на Народната банка за подготовка и развивање на сеопфатната Стратегија за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити и на Стратегијата за денаризација, изготвени во соработка со Министерството за финансии.

На регионално ниво, нашава земја и Албанија имаат највисока реализација на проектите и мерките од Програмата за економски развој од минатата година.

На Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција учествува и министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.