Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Во план насоки за банките за зелено финансирање

0
By НОВА ТВ Balaban on January 10, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се размислува и за формирање „зелено“ портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а се планираат и  насоки за банките за зелено финансирање и стрес-тестирање на банките на отпорноста на климатските промени. Ова го истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска

Климатските промени веќе имаат видливи ефекти врз глобалната економија, а со тоа и врз финансискиот сектор. Неопходно е носителите на политиките да му посветат поголемо внимание на ова прашање. Народната банка ги постави зелените финансии како стратегиска цел и работи на осмислување монетарни мерки за нивно поттикнување. Се размислува и за формирање „зелено“ портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а се планираат и  насоки за банките за зелено финансирање и стрес-тестирање на банките на отпорноста на климатските промени. Ова го истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Марили“.

„Од годинава ќе воспоставиме редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање, а ќе се спроведе и анкета којашто треба да даде одговор за свесноста на банките за ризиците од климатските промени врз нивното портфолио, начинот на идентификување, мерење и управување со ризиците, како и за тоа дали планираат нови производи коишто спаѓаат во зелени финансии“, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката додава дека врз основа на анализата, следејќи ја европската практика, планираат да изготват насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, вклучително и за транспарентното финансирање. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови, за што ќе биде неопходно засилување на институционалниот капацитет и на регулаторот, и на банките. Исто така, активно се работи на осмислување монетарни мерки коишто ќе го поттикнат зеленото финансирање, а во делот на управувањето со девизните резерви се размислува за формирање посебно „зелено“ портфолио на хартии од вредност, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката во интервјуто вели дека, според анкетните истражувања спроведени во 2021 година, 63% од централните банки ги гледаат зелените финансии како дел од нивниот мандат, за разлика од 46% во 2017 година.

„И ние, како централна банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазедовме проактивен став во општеството во врска со ова прашање. Од март 2021 година, станавме дел од Мрежата за зелени финансии во која членуваат централни банки и супервизорски тела, со што веќе сме дел од платформа преку којашто можеме да ги следиме, но и активно да се вклучиме во сите нови меѓународни иницијативи на ова поле“, вели Ангеловска-Бежоска.

Во однос на тоа што може да направи банкарскиот систем во врска со влијанието на климатските промени, гувернерката истакнува дека клучно е попрецизното утврдување на поврзаноста на финансискиот сектор со одржливи и со неодржливи сегменти во економијата, како и вложувањето напори за сѐ позастапена „зелена“ компонента во финансиите во економијата.

„Ова се однесува на домашните банки, коишто имаат голем финансиски потенцијал, но учеството на зелените кредити е сѐ уште ниско, или само 2,5% од вкупните кредити. Околу една четвртина од овие кредити се финансирани преку наменски кредитни линии од меѓународните финансиски институции, коишто во натамошниот период исто така можат да имаат значајна катализаторска улога во овој сегмент“, вели гувернерката.

Ангеловска-Бежоска посочува дека охрабруваат податоците добиени врз основа на информации од последните анкети на Народната банка, според кои околу 70% од банките одобруваат кредити за проекти коишто имаат позитивно влијание врз животната средина, 43% од банките имаат воспоставено и формален систем на идентификување зелени проекти, а учеството на зелените кредити иако е мало, сепак има тренд на раст.

„Ова покажува сѐ поразвиена свесност и кај банките за прашањето на одржливоста, а нивното сѐ поголемо насочување кон зелените финансии има двојна улога ‒ од една страна, ја подобрува структурата на економијата во целина, а од друга страна, ја јакне отпорноста на банкарскиот систем на овие ризици“, вели гувернерката.

 

Ангеловска-Бежоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.