Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Англо-саксонски” пресврт

0
By Marija Todorovska on May 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Празниот простор во кој западнавме, со само-блокирањето на ЕУ интеграцијата, мора да биде пополнет со нешто. И од тоа “пополнување” зависи нашата иднина. А, во политиката и гео-стратегијата не може да има долго празен простор. А, нашите “божем скриени” елити, сакаат да го (д)одржат тој “празен простор” во живот. И гледано од тој историско-политички агол, ова пополнување на празниот простор, со ваков партнер и ментор, доколку договорот се реализира наменски и во целост, е најдоброто нешто што можеше да ни се случи, во дадениот контекст и со дадените партиско/партократски кругови и кланови.

Никица Корубин
Клучниот синоним за префинето, суптилно напаѓање и дискредитирање на “западната култура” во стилот на “супериорноста на (пост) југословенството” е употребата на терминот “англо-саксонски”. Повисоко и поневидливо ниво на ширење омраза и антагонизирање кон истата про-западна ориентација.
“Англо-саксонството” во речникот на нашата “елита”, елитата на “заробеното општество” е всушност “трулиот запад”, освојувачите и колонистите, експлоататорите и капиталистите, генерички назив за се’ што е “лошо и неподобно”, но истовремено и подобен назив за “политички коректно” мразење. Оттаму, динамиката на односот кон проширеното партнерство, со конкретна финансиска и инвестициска рамка, со Обединетото Кралство, на договорот од 2020 година, треба да се посматра со посебен акцент на овој контекст.
Реакциите кои доаѓаат од традиционално “про-евроспски, про-западни и лево-либерални” кругови, се посебно интересни. Особено оние кои “жестоко” молчеа за обврските од Преговарачката рамка и политичко-политикантски ламентираа за протоколите и “загрозениот идентитет”, трошејќи го нашето време и “англо-саксонските” пари, за интензивно кочење на државата, со својата улога во соучесништвото; сега се “длабоко загрижени” за новото задолжување на државата.
На ниво “на загриженост” ни приближно на задолжувањето со “унгарскиот кредит”, кој за разлика од ова (драстично поголемо) задолжување има јасна намена: патна инфраструктура, која патем речено, е основен економски – но и политички и безбедносен – предуслов за било што друго.
Па, во оваа блиц-криг какофонија, целосно се измешаа “брзините” – веќе не се знае кој беше за Бехтел и Енка и стратешките Коридори 10 (кој ќе биде предмет токму на овој договор) и Коридорот 8 (чија изградба е во тек); кој беше за ЕУ, кој против, кој во “име на ЕУ” гледа и ја посакува спротивната страна од англо-саксонството; и излегува дека повеќето всушност се за “ништо” – замаскирано во “имаме други приоритети” – односно одржување во живот на омиленото “статус-кво”.
А, баш убаво, до пред некоја недела, зборувавме само за “Орбан, Трамп и српскиот свет”, измешани во еден куп, на ист површен начин, на кој сега се пристапува кон релативизирање и дискредитирање на договорот, преку сатанизирање на “англо-саксонството”, меѓу другото и со посегање кон “егејската карта” и традиционалното, историски и политички суштинско партнерство на Обединетото Кралство со Грција и хеленството. Намерно заборавајќи дека и Преспанскиот договор е всушност стратешко партнерство со Грција.
Без навлегување во мотивите за овој “стратешки потег” на владата, треба да се анализира контекстот и исходот. Ако исходот е завршен коридор 10, односно обезбедено функционално наше поврзување со Грција, со британски вештини и материјали, која е “маната” на договорот?
Ако Обединетото Кралство, истовремено се приближува кон ЕУ, преку враќање на некои од старите, и со Брегзит изгубени бенефити, и е еден од предводниците на “борбата за западната култура” и поддршка на Украина, тоа е лошо или добро за НАТО членката Северна Македонија и кандидат за ЕУ? Кога Коридорот 10 е во функција на Србија и Унгарија е добар, ама кога истиот е граден од Британците е лош? Па, чиј интерес тогаш се анализира и опструрира?
Празниот простор во кој западнавме, со само-блокирањето на ЕУ интеграцијата, мора да биде пополнет со нешто. И од тоа “пополнување” зависи нашата иднина. А, во политиката и гео-стратегијата не може да има долго празен простор. А, нашите “божем скриени” елити, сакаат да го (д)одржат тој “празен простор” во живот. И гледано од тој историско-политички агол, ова пополнување на празниот простор, со ваков партнер и ментор, доколку договорот се реализира наменски и во целост, е најдоброто нешто што можеше да ни се случи, во дадениот контекст и со дадените партиско/партократски кругови и кланови.
Да видиме барем кои се про-западни, кои се “англо-саксонски”. Нема ништо лошо, за промена, малку “чистина” во политиката, и дефинирање, а последователно на тоа и поддршка на стратешките интереси на Македонија. И тешкиот и заобиколен пат до истите. Чиниш тоа е патот од пред 150 години на Артур Еванс, славниот британски археолог, кон откритијата на Крит, преку тлото на Македонија. Барем тој знаел, кон која цивилизација припаѓаме, знаеме ли ние?
Од Фејсбук ѕидот на авторката
ЕУ Коридор 10 Никица Корубин Обединетото Кралство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.