Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета „Фокус“: Предноста на Никола Груевски се намалува

0
By Нова ТВ on August 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неделникот „Фокус“ ја продолжува соработката со Агенцијата за испитување на јавното мислење и комуникации „Рејтинг“. За потребите на неделникот, агенцијата „Рејтинг“ спроведе испитување на јавното мислење на тема: Како јавноста ги оценува промените во СДСМ по одржаниот конгрес?

Испитувањето беше спроведено по телефон врз репрезентативен примерок од 1.560 граѓани од полнолетното население на Македонија, во периодот од 24 до 29 јули. Според договорот со Агенцијата „Рејтинг“, таа за „Фокус“ ќе спроведува редовни анкети со кои ќе се следат реакциите на јавноста на најважните настани во земјава и промените во изборното расположение!

Предноста на ВМРО-ДПМНЕ што му ја носеше Никола Груевски како лидер во однос на СДСМ, според ова истражување, значително се намалува. Споредбите меѓу двајцата лидери беа направени по три основи. Најпрво се мереше општото мислењето на граѓаните за обајцата, потоа се споредуваа според лидерските особини кои граѓаните би им ги припишале, и на крајот на граѓаните им беше поставено прашањето: „Дали влада на чело со Груевски или влада на чело со Заев може поуспешно да ги решава клучните проблеми на земјата?“

Граѓаните најпрво беа прашани: дали општо земено нивното мислење за Никола Груевски, (и во посебно прашање за Заев) е целосно позитивно, главно позитивно, главно негативно или целосно негативно.

На овие прашања се добиени следниве одговори:

Графикон 1: Општо земено, дали би рекле дека вашето мислење за лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е:

Графикон 9: Општо земено, дали би рекле дека вашето мислење за лидерот на СДСМ, Зоран Заев е:

Според анализата на овие одговори, произлегува дека целосно или главно позитивно мислење за Груевски во Македонија имаат 53,8 отсто од граѓаните , но такво мислење за Зоран Заев имаат и 49 отсто од граѓаните. Негативно мислење за Груевски имаат 42,4 отсто од граѓаните, а за Зоран Заев негативно мислење имаат 35,9 отсто. Дополнително, за Заев сѐ уште немаат мислење 14,5 отсто од граѓаните, кои во зависност од развојот на настаните и работата на опозицискиот лидер, ќе се приклонат кон едната или кон другата страна.
Од овие податоци само уште еднаш се потврдува заклучокот дека СДСМ со новиот лидер има значително зголемен потенцијал, кој останува да видиме дали ќе биде искористен!

По барање на „Фокус“, со стандардна методолошка постапка, агенцијата „Рејтинг“ ги мереше особините што граѓаните им ги припишуваат на Груевски и на Заев, а кои се сметаат за важни во извршувањето на лидерската функција во партиите.

Двајцата лидери се споредуваа според перцепцијата на граѓаните за нивната чесност, односно некорумпираност, искреност и доверба во она што го кажуваат, според блискоста до народот, способноста за решавање на проблемите, визионерството и имањето идеи и самостојноста во решавањето на проблемите.

Граѓаните во новиот лидер на СДСМ гледаат човек што е поблизок до народот од Груевски, кој е исто толку искрен во настапите и може да му се верува, но и исто толку способен како лидер. Груевски задржува мала предност во јавното мислење во однос на Заев кај чесноста, визинерството и самостојноста во донесувањето на одлуките.

За истражувањата од овој вид, од особено значење се одговорите на оние граѓани кои велат дека во принцип не гласаат секогаш за иста партија на изборите, туку гласаат во зависност од понудата. Ова не мора да значи дека се неопределени гласачи, туку гласачи кои не се цврсто определени, и во зависност од промените во политиките на партиите, тие гласаат различно. Такви во Македонија се 40 отсто од гласачкото тело и токму тие го определуваат победникот на изборите.

Овие податоци упатуваат на заклучок дека Зоран Заев значително ја подобрува сликата за СДСМ во јавноста и разбива неколку основни стереотипи, кои со години беа асоцијација за СДСМ.

Прво, Заев конечно има шанса да ја доближи партијата до граѓаните и да се смени имиџот на салонска партија, далечна од народот.

Второ, Заев се перцепира за чесен и личност на која може да ѝ се верува, карактеристики кои воопшто не се асоцираа со претходниот лидер.

И трето, Зоран Заев се перцепира како способен лидер, карактеристика која е многу важна, ако се има предвид дека СДСМ беше перцепирана како партија што не нуди решенија и не е способна да ги реши проблемите на граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.