„Ја сакам оваа земја и затоа сум тука. Дојдов со голема делегација. Претстојат многу работи што треба да почнат. Работите созреваат и можам да кажам дека тука сум со големи планови и амбиции, но за се е потребно време“, изјави по пристигнувањето на аеродромот во Охрид, индискиот милијардер Субрата Рој.
Во меѓувреме во Индија, Врховниот суд побара од двете Сахара фирми – Сахара Индија Недвижнини (SIRECL) и Сахара инвестиции за вдомување (SHICL) – поврат преку СЕБИ на повеќе од 5 милијарди американски долари со камата.
Воедно, Сушанто Рој, син на Субрата, побара поддршка и трпение од владата но и од
народот на Македонија во расчистувањето на ситуацијата со Сахара групацијата, бидејќи
според Рој „во 2014 или 2015 ќе се види продуктот од градбите и активностите“.
По барањето за поддршка од народот, НОВА спроведе анкета и разговараше со граѓаните
како би го поддржале индискиот милијардер.