Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Младите се помалку заинтересирани за изборите во ЕУ, иако имаат позитивно мислење за нив

0
By Marija Todorovska on June 5, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Берлин: Младите Европејци имаат позитивно мислење за Европската унија, но се помалку мотивирани од постарите граѓани да гласаат на претстојните европски избори, покажа денеска објавеното истражување на германската фондација Бертелсман.

Во анкетата што е спроведена во неколку земји на ЕУ, а е репрезентативна за целата Унија, 59 отсто од младите на возраст од 16 до 25 години се изјасниле дека ќе гласаат на европските избори, 24 отсто сѐ уште не се сигурни, а 17 отсто рекле дека нема да гласаат.

Истовремено, во групата граѓани на возраст од 26 до 69 години, 65 отсто изразиле намера да гласаат за Европскиот парламент, 22 отсто се уште се неопределени, а 13 отсто се изјасниле дека нема да учествуваат на европските избори.

Од друга страна, на прашањето за хипотетички референдум за останување на нивната земја во ЕУ, 78 отсто од младите одговориле дека ќе гласаат за ЕУ, додека тоа би го направиле само 65 отсто од постарите.

Во категоријата помлади само 23 отсто се изјасниле дека излегуваат на гласање за да го изразат своето незадоволство од актуелната политика. Кај постарите, 30 отсто од анкетираните биле меѓу оние кои ќе гласаат во знак на протест.

Иако и двете групи го оценија мировниот процес како најважна задача на ЕУ (по 60 проценти), младите луѓе му дадоа значително поголемо значење на почитувањето на човековите права и борбата против климатските промени.

Најголема разлика се покажа во прашањето за миграцијата. Нешто помалку од половина од постарите очекуваат ЕУ подобро да ја контролира имиграцијата, а само четвртина од младите сметаат дека тоа е едно од централните прашања.

Истражувањето беше спроведено во март од европскиот инструмент за истражување на јавното мислење на Бертелсман „eupinions“. Во Белгија, Франција, Холандија, Италија, Германија, Полска и Шпанија учествувале 13.241 лице, така што анкетата е репрезентативна за ЕУ ​​поради примерокот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.