Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: За над 70% од граѓаните Иванов чесно работи

0
By Нова ТВ on July 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Големо мнозинство од граѓаните имаат позитивно мислење за Претседателот Ѓорге Иванов, а речиси две третини од испитаниците сметаат дека шефот на државата чесно ја извршува својата должност, покажуваат во сабота објавените резултати од испитувањето на јавното мнение што за потребите на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија го спроведе Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС).

Според резултатите, на прашањето „Какво е вашето мислење за Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов?”, дури 59,1 отсто се изјасниле позитивно, 23.8 имале негативно мислење, додека, пак, 17.1 проценти одговориле со не знам или немале договор.

Притоа, од компаративните податоци се забележува дека кон средината на јуни оваа 2013 година, позитивното мислење за работата на Иванов кај избирачите е најголемо во изминатиот период од 2010 година наваму.

И, соодветно, негативното мислење за Претседателот е на најниско ниво. Така, во октомври 2010 година, позитивно мислење за Претседателот Иванов имале 45,7 отсто, во декември 2010-та – 47, во мај 2011-та – 49,3, во септември 2011-та – веќе довербата во Иванов се зголемува над 50 проценти и изнесува 53,4 отсто, а нагорниот тренд продолжува и во март 2012 кога довербата во Иванов ја имаат 54,7 отсто, во октомври минатата 2012 година изнесува 58,4 отсто за по половина година да изнесува сегашните 59,1 отсто.

Од друга страна, негативната перцепција на граѓаните за работата на Претседателот Иванов почнувајќи од октомври 2010 година кога за речиси нецел процент е помала од позитивната 44,8 наспроти 45,7 отсто, постојано се намалува и ги бележи следните параметри: 42,3 во декември 2010, 36,7 отсто во мај 2011-та, 28,1 проценти во септември 2011-та, по што доаѓа до мало зголемува во март 2012 година од 30,6 отсто, поп што следува драстичен пад на 23,2 отсто во октомври 2012 година до сегашните 23,8 отсто „недоверба” за активностите на Претседателот Иванов.

Во однос, пак, на прашањето „Дали сметате дека Претседателот Иванов чесно ја извршува својата функција?” огромни 73,6 отсто одговориле позитивно, 14,3 проценти одговориле негативно, а 12,1 отсто немале одговор или одговориле со „не знам”.

Анкетата е спроведена во периодот меѓу 14-ти и 17-ти јуни 2013 година, од страна Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), преку телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници е во рамките на редовните мерења на ставовите на граѓаните во однос на нивната доверба и перцепции за работата на Претседателот на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.