Aномните денеска ја хакираа официјална веб страница на турскиот премиер Ердоган, според тврдењата на ehackingnews.
Веб-сајтот “www.basbakanlik.gov.tr” во моментов не може да се отвори.
Анонимните ја започна операцијата # OpTurkey на 2 јуни, спроведувајќи серија напади како одговор на владиното насилно справување на Таксим Гези Паркот, на протестите во Истанбул и низ земјата.
Групата успеала да ги симне пристапот до Службениот весник и други сајтови со хакерските упади на 2 јуни. Веб-сајтот на приватниот телевизиски канал НТВ, кој беше предмет на силни критики за несоодветно покривање на настаните, исто така, беше подложен на еден анонимен напад на почетокот на 3 јуни.