Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНТАРКТИК: Почна да пука најважниот глечер во светот наречен „Судниот ден“ – научниците во паника

0
By Mirjana on December 19, 2021 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Photo: Guardian
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Глечерот Твајтс  е  со големина колку Британија и содржи доволно вода со која би се подигнало нивото на морето ширум светот за повеќе од половина метар. Придонесува со околу 4% од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е наречен најважниот глечер во светот, а дури го нарекуваат и глечерот „Судниот Ден“. Сателитски студии покажуваат дека тој се топи многу побрзо отколку во 1990-тите години.

Пред 20 години, областa со мраз за која се сметаше дека тежи речиси 500 милијарди тони, драматично се откина од антарктичкиот континент и се распарчи на илјадници ледени делови во Веделовото Море.

Беше познато дека ледениот гребен наречен Ларсен Б од 1.255 квадратни милји (3.250 квадратни километри) се топи брзо, но никој не предвиде дека ќе биде потребен само еден месец за целосно распаѓање на „џинот“ со  дебелина од  200 метри.

Глациолозите односно научниците кои го истражуваат мразот,  беа шокирани од брзината и од размерите на колапсот. „Ова е запрепастувачки. Тоа е скршено само од себе. Падна како ѕид и се скрши на стотици илјади тули“, коментираа глациолозите.

Photo: Science news

Оваа недела, глациолозите, на состанокот во Њу Орлеанс предупредија дека нешто уште поалармантно се случува со ледената покривка на Западниот Антарктик што е огромен слив со мраз на полуостровот Антарктик. Долгите години на  истражување на тимови од британски и американски истражувачи покажаа дека големи пукнатини се отвориле на врвот и под глечерот Твајтс, што е еден од најголемите во светот, и се стравува дека делови од него, исто така, може да се скршат сами од себе а тој да  пропадне во рок од пет години а можеби и помалку, пишува Гардијан.

Глечерот Твајтс прави ледениот гребен Ларсен Б да изгледа како мраз. Тој е отприлика 100 пати поголем и е  со големина колку Британија и содржи доволно вода со која би се подигнало нивото на морето ширум светот за повеќе од половина метар. Придонесува со околу 4% од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е наречен најважниот глечер во светот, дури и глечерот „судниот ден“. Сателитски студии покажуваат дека тој се топи многу побрзо отколку во 1990-тите години.

Photo:Science news

Топењето на глечерот Твајтс е загрижувачки, но има и многу други големи глечери на Антарктикот кои исто така се повлекуваат, се разредуваат и се топат како што се загрева Јужниот океан. Многумина се возджани затоа што Твајтс се однесува како тапа која им го блокира излезот до морето. Доколку Твајтс се распадне, научниците веруваат дека на другите глечери ќе им се забрза разместувањето, што ќе доведе до колапс на целата ледена покривка и катастрофално глобално зголемување на нивото на морето дури за неколку метри.

Дали и колку брзо тие глечери можат да се стопат и да се претворат во вода, се некои од најважните прашања. Нивото на морето брзо се зголемува: годишната стапка се зголеми повеќе од двојно од 1,4 mm на 3,6 mm помеѓу 2006 и 2015 година и се забрзува. Неколку милиметри годишно не звучат многу, но загубата на дури и мал дел од Твајтс не само што би помогнало прогресијата дополнително да се забрза, туку веројатно ќе ја зголеми сериозноста од појава на бура.

Photo: Science news

Доколку некогаш се урнат сите глечери на Западен Антарктик, не постои крајбрежен град во светот кој, со текот на времето, не би бил соочен со катастрофални економски импликации врз животот и врз економијата.

Порано консензусот на глациолозите беше дека ќе бидат потребни векови глобално загревање пред да се скршат и колабираат глечерите со големина на Твајтс, но толку брзо и неочекувано беше губењето на морскиот мраз на спротивниот крај на земјата на Арктикот, и така ненадејна беше загубата на Ларсен Б и сега се смета дека е можно таква иста појава да се случи многу брзо и на Антарктикот.

Губењето на мразот на Арктикот едвај влијае на нивото на морето бидејќи најчесто се формира на море, додека мразот на Антарктикот, сепак, е главно на копно, така што секое топење го зголемува нивото на морето.

Пресвртната точка на ледениот гребен Ларсен Б се појави ненадејно. Како Твејтите и другите глечери реагираат на глобалното затоплување сè уште не е познато, но овие големи глобални физички процеси се во тек и можат да се решат само со глобална акција.

Сепак, само еден месец по завршувањето на Cop26 во Глазгов, предупредувањето дека глечерот Твејтс дебел 300 метри и широк 50 милји почна да пука, беше дочекан со молк од владите преокупирани од Ковид-19 и враќање во нормала. Опасноста е дека многуте активности ветени во ноември за решавање на глобалното затоплување ќе бидат стопирани уште една година, а со тоа се очекува тие да станат само уште еден ризик плус, во се поопасниот свет.

 

 

Евидентирани пукнатини на најважниот глечер на Антарктикот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.