Групата тинејџери кои неуспешно се обидуваше да протестира против наводната геј-парадата, претепале малолетник пред споменикот на цар Самоил.
Возило на брзата помош и МВР пристигнале веднаш на местото на настанот.
Од Министерството за внатрешни информираат дека добиле потврда за случајот во 15.30 минути.
Од полицијата не го откриваат ниту идентитетот на малолетникот, но сигурно не припаѓа на никаква групација, посебно што геј парада или марш немаше ниту закажано.
Инаку денеска Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и Хелсиншкиот комитет поднела пријава до Министерството за внатрешни работи за поттикнување на дискриминација и насилство, против неидентификуваните организатори на „Контра геј-парада“.
„Очекуваме од МВР да ги преземе сите неопходни мерки за заштита од насилство, дискриминација и ширење омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, и да овозможи мирно и непречено одвивање на планираните активности во „Неделата на гордоста“соопшти Коалицијата.