Published: Sunday, December 14, 2025 15:01
Антикорупциска отвори предмет за обвинувањата на СДСМ за семејната поврзаност на компанијата „Сити аутсорсинг“ со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добивањето на 161 јавна набавка, вели во интервју за РСЕ претседателот Адем Чучуљ.
За сличен случај, неполн месец порано, ДКСК не утврди конфликт на интереси кај Томовски за тендерот за обезбедување доделен на компанијата „Праеториан“, кој го истражуваше РСЕ. Чучуљ вели дека освен прибрана документација, Томовски дал и изјава заверена на нотар дека управителот на подружницата формирана во ек на огласот не му е роднина и предметот го затвориле. Редакцијата на „Експрес“ пренесува некои од покарактеристичните делови на интервјуто на претседателот на ДКСК Адем Чучуљ за Радио Слободна Европа.




