Девет месеци по оставките на членовите на антикорупциската комисија, во првата половина од декември во Собранието треба да биде донесен новиот закон за спречување на корупцијата.
По усвојувањето на законот и изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, антикорупционерите ќе имаат пристап до сите податоци што за функционерите ги има УЈП, МВР, Фонд за пензиско, Катастарот, Берза, Народната банка и до сите банкарски сметки.
Антикорупциска ќе ги следи промените на имототите на функционерите и по завршувањето на нивниот мандат, ќе ги проверува сомнителните партиски вработувања и доделените грантови на блиски луѓе на политичарите.
Дали овие измени ќе можат да поттикнат ефикасна борба против корупцијата од разговорот со Драги Малиновски, поранешен член на антикорупциската комисија.