Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го повикува јавното обвинителство да ја прошири предистрагата за случајот со „Беса транс“, чиј автобус на 23 ноември изгоре на автопатот во Бугарија, објави„360 степени“.
Министерството за внатрешни работи веќе трет ден молчи за случајот, откако беше објавено дека три месеци биле чувани во фиока неправилности откриени во станица за технички преглед, со што се доведува во прашање безбедноста во сообраќајот.
Нова ТВ вчера побара одговори од надлежното министерство во врска со наводите дека неправилности биле откриени во август, а забраната била изречена дури во ноември, но до објавување на информацијата, нема одговор од МВР.
Од министерството побаравме да објасни и за какви неправилности станува збор ако се вистинити пишувањата дека е затворена станицата за технички преглед во која автобусот на „Беса транс“ имал последен технички преглед.