„Јохан Тарчуловски утре ќе пристигне во Македонија“, потврди за НОВА неговиот адвокат Антонио Апостолски.
Апостолски изјави дека Јохан Тарчуловски денес попладне ќе го напушти затворот Диаз во Германија.
Според информациите на НОВА, Тарчуловски ќе биде донесен во Македонија со владиот авион, кој веќе три дена се наоѓа во Германија.
Тарчуловски помина речиси осум години во затвор, со што отслужи две третини од 12 годишната затворска казна.
Хашкиот суд го осуди за воени злосторства извршени за време на конфликт во Македонија во 2001 година.