Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апсурдни смени на наставници во училиште во Аеродром

0
By Нова ТВ on April 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учениците во 5 одделение во ОУ „Браќа Миладиновци“ во скопската општина Аеродром деновиве ја запознаа седмата нова наставничка од почетокот на учебната година. Оваа е 17  наставничка за овие ученици во изминатите три години.

Во меѓувреме во училиштето се смениле и две директорки, но ниту една немала слух за барањата на родителите да се запре со праксата на секои два-три месеци учениците да добиваат нова учителка. Револтиран родител за НОВА вели дека учениците се збунети поради честите смени на наставниците.

Во писмото што го испрати до редакцијата на НОВА родителот пишува:

„Во ова одделение предаваа наставници/чки кои немаат поминато обука за ИБ програма, наставници кои се нови во училиштето, оние за кои другите одделенија потпишуваа петиции да им се заменат, наставнички кои најавиле боледување, оние кои се враќаат од боледување, некои кои најавиле дека ќе ја напуштаат земјата и оние кои се предомислиле и одлучиле да се вратат. Претежно се работи за одделение кое служи за закрпување на дупките во О.У. Браќа Миладиновци“ пишува загрижен родител.

Тој вели дека одлучил  јавно да проговори  откако им било кажано дека ќе им биде замената и наставничката која предавала на нивните деца неколку месеци и на која тие се навикнале.

„После толку промени, учениците конечно се навикнаа на наставничка која ги учеше неколку месеци, која добро ги запозна и засака. Но, поради нови кадровски промени, оваа единствена надеж им беше одземена како мајка од пилиња. Таа беше единствената која навистина им се посвети, ги бодреше и имаше верба во нив, беше единствената од цел тој список на наставници која не им велеше дека не се доволно добри, дека “не можат да се мерат со другото одделение”, дека “ги срамат родителите” и дека нивните родители “немаат со што да се гордеат” (Да, тоа им го велеа!). Ете таа наставничка мораше да си замине!“ пишува родителот.

Од Министерството за образование велат дека се запознаени со проблемот. „Во вакви случаи, градоначалниците и директорите треба да водат грижа првенствено за интересите на учениците“ велат од Министерството за образование.

Од таму исто така објаснуваат дека Државниот просветен инспекторат може  да испрати инспекција во училиштето и да провери дали смените на наставниците биле законски или се правени по волја на другото одделение како што тврди родителот.

„ Учителките кои почнаа да им предаваат, одеднаш им беа одземени и вратени во другото одделение кое едноставно си ги побара. Се реагираше на културен начин, со консултации, реакција на родителски средби и слично.Со секоја следна промена, сѐ помалку родители се активираа. Некои подлегнаа на притисокот од училиштето, некои веројатно се продадоа за ситна тезга, некои можеби беа уплашени за оценките на детето, а некои едноставно не се вознемирија или пак не се ни заинтересираа. Сами ќе се пронајдат во описот.

Неколку поодлучни почнаа да реагираат до институциите. Признавам дека тогаш сѐ уште сметав дека нема простор за таква драма, можеби дури и ги осудував, сѐ до моментот кога кај моето дете не почувствував промена. Беше тоа повеќе лутина, страв, гнев и фрустрација отколку тага. Тогаш сфатив дека треба да се реагира, но очигледно беше доцна.

Наставникот не е само сенка која го предава материјалот. Наставникот е родителска фигура на која  децата ѝ се предаваат, ѝ ја подаруваат сета своја доверба, веруваат во кажаното, стореното и најмногу од се, во добрите намери на истата! Секое заминување на оваа важна фигура од нивниот живот, го доживуваат како напуштање, откажување од нив, што во нивни очи е по нивна вина.

После секоја замена, проследена со обвинување за лошата дисциплина и постигнат успех, споредба со “златните деца” од другото одделение, тие се преиспитуваат што згрешиле и дали тие се причина што наставниците ги напуштаат“, пишува родителот во писмото испратено до редакцијата на НОВА.

Од Кабинетот на градоначалникот на Аеродром Златко Марин велат дека од пред три дена е именуван нов директор на училиштето кој најавил дека наредната недела ќе присуствува на родителската средба која е закажана со родителите на учениците од 5б.

родители училиште. насатвнички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.