Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аптекарите не сакаат да дежураат ноќе и за празници

0
By Менче Атанасова Точи on August 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Погoлем дел од аптеките во државата не сакаат да дежураат ноќе, за викенди и празници бидејќи, како што велат никој не зема лекови на рецепт тогаш, а згора на се, загрозена е и нивната безбедност бидејќи немаат обезбедување. Сметаат дека проектот на Фондот за здравствено осигурување да обезбеди дежурни аптеки за време на викенди и празници се покажал кско неоправдан и неуспешен.

Од Здружените аптеки на Македонија (ЗАМ) велат дека ноќните дежурства кои Фондот ги воведе на почетокот на годината се направени без целосна анализа на кадровските, просторните и финансиските можности на секоја аптека посебно.

-Досега ниту еден лек на рецепт од позитивната листа на лекови не е подигнат за време на ноќните дежурства, а прометот на комерцијалните лекови се движи најмногу до 1000 денари. Затоа сметаме дека е бесмислен проектот кога непотребно се троши струја, греење, а се намалува и квалитетот на услугата бидејќи истите вработени работат преку ден, а ноќе дежураат изјави неодамна за НОВА фармацевт Марија Стојанов претседател на (ЗАМ).

Фондот на почетокот на годината започна со организирани дежурства во аптеките во ноќните часови, за време на викенд и државни празници согласно со потребите на населението. Во поглемите скопски населби и во оние градови каде што има над 15 аптеки, беа воведени дежурства по принципот на ротација, односно секоја ноќ да има по една дежурна аптека. Во градовите каде што има помалку аптеки и помал број на жители, се воведе листа на аптеки кои ќе работат на повик на пациенти.

НОВА контактираше со сопственците на повеќе аптеки во внатрешноста. Голем дел од нив сметаат дека нема потреба од ноќни дежурства бидејќи во секој град има аптеки кои работат до 12 часот на полноќ, а некои од нив и на повик, така што граѓаните се информирани за тоа. Во некои аптеки се пожалија дека ноќе не е безбедно да се работи, особено што 90 проценти од персоналот се жени.

-Не е безбедно, особено ноќе бидејќи крадците доаѓаат кога нема никој, а ние немаме обезбедување. Доаѓаат контроли од Фондот и запишуваат дека прометот навечер е 200, 300 или 500 денари. Знаат дека проектот е неуспешен бидејќи ние навечер после 12 часот немаме пациенти, тврдат во една аптека од внатрешноста.

Но, фармацевтите велат дека мора да ја почитуваат ваквата одлука на Фондот бидејќи е ставена во договорот што го имаат потпишано за оваа година.

-Не само тоа, квалитетот на услугата во наредниот ден опаѓа бидејќи вработениот кој дежурал е ослободен од работа тој ден и наместо со двајца аптеката работи со еден вработен потенцира Марија Стојанов која е сопственик на аптека во Струмица.

Аптекарите велат дека во Фондот се информирани за тоа дека аптеките во ноќните часови работат со загуба, без обезбедување, но досега немаат никаква реакција од централата во Скопје.

Од Фондот пак велат дека не се информирани и досега не разговарале на оваа тема. Сметаат дека проектот е во интерес на заштита на здравјето на граѓаните и е подржан од Фармацевстската комора.

-За сите вакви барања за измени во договорите кои се обврска на ФЗОМ и аптеките официјален партнер за преговори согласно законот е Фармацевстката комора се вели во одговорот на Фондот до НОВА.

Од ЗАМ пак, сметаат дека Фондот како барател и купувач на здравствената услуга „ноќно дежурство“ треба финансиски да ги покрива трошоците за работењето на аптеките ноќе, за викенд и на празник со што ќе се ублажат последиците од неоправданите трошоци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.