Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аранитаси за МИА: Опоравувањето и растот ќе зависат и од напредокот на домашните економски реформи

0
By Нова ТВ on October 1, 2020 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

–  Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој.

Според најновите проекции на ЕБОР, како што наведува Аранитаси, ќе има пад на БДП  во државава од 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен Балкан Централна и Источна Еврипа со индустриска база. Откако имаше раст од близу нула проценти (0,2%) во првиот квартал, БДП се намали речиси за 13% (-12,7%) во вториот квартал, што значеше дека има големи нарушувања во економијата, преку значително намалување на приватната потрошувчка, инвестиции, извоз и увоз, посочува Аранитаси.

Не очекува банкротот на Еуростандард банка значително да влијае на здравјето на банкарскиот сектор, но посочува дека можеме да очекуваме зголемување на нефункционалните заеми откако ќе истечат поволните услови за отплата. -Ќе продолжиме да ги поддржуваме, преку инвестиции и политики, сите земји од Западен Балкан на нивниот реформски пат и приближување до ЕУ се до нивното пристапување. Северна Македонија како земја-кандидат е од клучно значење за нас и моментално имаме дискусии со владата околу нашата поголема вклученост во земјата, наведува  Аранитаси.

Тој посочува дека стратегијата на ЕБОР за Северна Македонија во периодот 2019-2024 предвидува акцентот да биде ставен на три приоритети: зголемена конкурентност на приватниот сектор, зголемена регионална интеграција и поврзување преку подобра инфраструктура, и поддршка на транзицијата кон зелена енергија преку поодржлива мешавина на енергенси и подобра ефикасност на ресурси. -Инвестиравме преку 160 милиони евра во 2019 година и околу 45 милиони евра во текот на 2020 година. Ќе обезбедиме уште средства до крајот на годината, и според предвидувањата, ќе се обезбедуваат во просек околу 150-200 милиони евра на годишна основа во текот на периодот што го покрива стратегијата, најавува Аранитаси.

фото МИА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

ВЕСТИ October 8, 2025

„Одбрана на демократијата: Бојното поле на вистината“ е генералната тема на тридневната меѓународна конференција чиј…

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.