Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аргентина реши: Венецуелецот Николас Мадуро ќе биде апсен за „злосторство против човештвото“

0
By Zoran Ivanov on January 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аргентински суд нареди апсење на голем број владини претставници на Венецуела, вклучително и претседателот Николас Мадуро, како дел од случај за злосторства против човештвото.

Аргентинската правда нареди апсење на Николас Мадуро, Диосдадо Кабело и други лидери на венецуелската влада за злосторства против човештвото – соопшти аргентинскиот Форум за одбрана на демократијата кој го покрена случајот.

 Се докажа дека во Венецуела постои систематски план за репресија, присилно исчезнување на луѓе, тортура, убиства и прогон на дел од цивилното население, развиен најмалку од 2014 година до денес – се вели во пресудата на 20 страници на федералниот суд во Буенос Аирес, цитирана од локалните медиуми.

Аргентинските судии својата одлука ја засноваа на принципот на универзална јурисдикција, кој се однесува на случаите на злосторства против човештвото, пренесе ДПА.

Претходно вчера Врховниот суд на Венецуела нареди апсење на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, министерката за безбедност Патриша Булрих и Карина Милеи, сестрата на претседателот и претседателски советник, под обвиненија за перење пари и незаконско лишување од слобода.

Буенос Аирес и Каракас ги затегнаа односите по спорните претседателски избори на 28 јули, кои беа нарушени со обвинувања за масовна измама.

Аргентинските дипломати беа протерани од Венецуела по изборите, додека Буенос Аирес го повика Меѓународниот кривичен суд во Хаг да издаде налог за апсење на Мадуро.

Мадуро, кој е на власт од 2013 година, обезбеди трет мандат откако изборната власт во земјата, која е преполна со владини лојалисти, го прогласи за победник.

Владата не обезбеди никакви конкретни резултати од гласачите за да ја поддржи победата на Мадуро. Опозицијата тврди дека победил нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес и има значителна поддршка од другите земји во регионот и од САД.

Гонзалес на 8. септември отпатува во Шпанија и таму поднесе барање за политички азил.

 

мадуро апсење злостор човештвото
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.