Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

0
By Zoran Ivanov on October 4, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 4, 2025 20:30

И оваа сабота, родителите и блиските на жртвите во пожарот во кочанската дискотека Пулс излегоа на улица, на 25. по ред „Марш за ангелите“, барајќи правда за своите трагично загинати најблиски. Овој протест е прв откако Кривичниот суд во целост го прифати обвинението за пожарот во кочанската дискотека.

Од протестот беа упатени силни пораки до Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, но и до највисоките функционери во државата.

Пред Судот во Кочани, тие побараа од државниот јавен обвинител Коцевски презентирање на сите докази, како и одговорност за пропустите во обвинителниот акт и проширување на обвинението и кон другите вмешани лица и преиспитување на мерките за домашен притвор кон дел од осомничените.

Обраќајки се до Јавниот обвинител, жената која ја прочита пораката, рече дека на средбата во Кочани на 19 јуни имале трошка надеж дека конечно ќе ја видат правдата.

„За жал, со вашите постапки и со поднесениот обвинителен акт таа надеж целосно ја изгубивме. Наместо вистина и целосна одговорност, сведоци сме на пропусти и прикривања, порачаа блиските на загинатите во катастрофалниот пожар.

Тие пораќаа дека родителите се принудени сами да го анализираат обвинителниот акт во детали и да укажуваат на грешките во него.

Тоа, според нив, претставува јасен доказ дека правдата не е на страната на жртвите туку на страната на виновниците.

Особено е поразително што дел од осомничените се со мерки на претпазливост. Секојдневно сме приморани да ги гледаме како се движат слободно низ нашиот град, низ нашите маала, како да не се случило ништо. Тие лица си ја купија својата слобода со пари, живеат без никакво ограничување, додека ние жртвите сме осудени на доживотна болка и загуба, се вели во пораката која беше прочитана пред кочќанскиот суд.

Прашуваме што ќе биде со тие лица, дали правадата важи само за оние кои немаат пари и врски и дали ние треба да платиме за да ни се вратат нашите деца и која е цената на нашите деца. Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем, се вели во порака.

Учесниците на протестот порачаа и дека должност на Јавниот обвинител е да обезбеди еднаков третпман пред законот, а не да создава систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени.

„Свесни сме дека постојат уште докази против дуги лица кои намерно не ги изнесувате со што не само што ја нарушувате правдата туку и стиорувате кривично дело, му поирачаа тие на обвинтелот Коцевски, посочувајќи дека се сомневаат дека неговата постапка е резултат на силен политички или друг вид протисок од лица кои стојат зад овој случај.

Но, колку и да се обидувате да ги сокриете, вистината ќе излезе на виделина, порачаа тие.

Од денешниот „Марш на ангелите“ беше побарано целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвининеието и кон другите вмешани лица, итно преиспитување на решението за домашен протитвор и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.