Во лондонската „Royal Opera House“ синоќа се одржа свеченоста на доделувањето на наградите БАФТА , што ги доделува Британската филмска академија.
Филмот „Арго„ на Бен Афлек е прогласен за најдобар филм во 2012 година, победувајќи ги „Животот на Пи“, „Клетници“, „Линколн“ и „ Zero Dark Thirty“. Афлек е прогласен и за најдобар режисер.
Наградата „Александар Корда“ за најдобар британски филм ја доби последното продолжение за Џемс Бонд „Skyfall“.
Наградата БАФТА за најдобар актер ја освои Даниел Деј Луис за насловната улога во „Линколн“, а Емануел Рива е најдобра актерка за улогата во „Љубов“.
БАФТА за најдобри споредни улоги добија Кристоф Волц и Ен Хатавеј.
Квентин Тарантино ја освои наградата за најдобро оргинално сценарио за „Одмаздата на Џанго“.
За најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е прогласен филмот „Љубов“ на Петер Ханеке.