Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Археолошките локалитети во Македонија се незаштитени

20
By Нова ТВ on August 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 5120 познати археолошки локалитети во Македонија, заштитени се само 103, но со најголемиот дел од нив не се знае кој и како управува, па непроценливо археолошко богатство преку црни канали се одлева во други земји, објавува Дојче Веле.

Се вели дека во Македонија и најмало камче да поместиш, ќе најдеш археолошки предмет од некој од бројните археолошки локалитети кои ги има буквално на секој чекор. Најголем дел од тоа се археолошки локалитети од типот населби и некрополи. Кој ги истражува и колку се заштитени?

Во земјата има специјализирани институции како музеи, конзерваторски центри и специјализирани научни центри за археологија на факултетите, што значи дека има доволно стручен кадар од областа на истражување на археологијата.

Но, како што за Дојче Веле потенцира Јован Ристов од Националниот конзерваторски центар, „проблемот не е во стручен кадар, туку е во неконтинуираното истражување на археолошките локалитети и инцидентни истражувања од типот ’ајде сега ќе бараме антички Македонци’ и слични истражувања“.

Тој воедно смета дека проблем е и лошата насоченост на парите: „За жал, парите под име на археологија одат за сосема други работи. Воедно луѓето од културата често сметаат дека за она што се нарекува безбедност на локалитетите е задолжена полицијата и другите органи. Тоа е погрешен концепт, кој негативно се одразува на археолошкото богатство. Археолошката заштита треба да биде редовна активност на музеите, конзерваторските центри и сите што управуваат со археолошкото богатство“.

Ристов посочува како пример дека „Министерството за култура за 2013 година не издвоило ниту денар за безбедносна заштита на археолошкото богатство“.
Иако се во сопственост на државата, во најголем дел не се знае кој управува со нив, а исклучок на тоа се само Стоби и Хераклеа.

Вредни археолошки локалитети се препуштени на градските музеи и конзерваторски центри во Македонија, а тиe кон нив се однесуваат како кон нешто споредно за управување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.