Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Археолози од Самоиловата тврдина во одбрана на Паско Кузман

0
By Нова ТВ on August 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екипа археолози од Самуиловата тврдина во писмо до Утрински, излезе во одбрана на Паско Кузман, нарекувајќи го алхемичар на археологијата. Во писмото се вели:

“Ова е препознатливиот восклик на човекот кој во последниве неколку недели ја разбранува широката јавност во Македонија – Паско Кузман. Брануваше и порано, но ова беше вистинска далга, силен удар врз него, а и врз македонската археологија. И се случи животиште… по којзнае кој пат.

Како реакција на овие случувања излегоа соопштенија од Македонското археолошко научно друштво и стручните екипи кои постигнуваа и постигнуваат забележителни успеси на стручно и научно поле, благодарение на ентузијазмот и визионерството токму на овој човек. Беше кажано речиси се’.

Затоа оваа реакција ќе биде едноставно израз на почит кон човекот кој целосно се вложува себеси за афирмација и адекватен третман на археологијата и нејзина промоција како наука која се базира на материјални докази и факти.

Неговата неприкосновена љубов кон културното минато на оваа грутка земја е движечката сила која ја разби долгогодишната летаргичност и зачмаеноста во археологијата. Потребна е голема храброст, знаење и умешност да ја оттргнеш историјата од прегратките на земјата и од заборавот на минатото и да и’ дадеш достоинствено место во современото светско културно наследство. Овој човек го правеше и го прави тоа… без оглед на цената и жртвата што треба да ја даде.

Во денешно време кога борбата за материјална егзистенција го има приматот над духовната димензија, а љубовта и почитта се подзборавена категорија, тешко е да се разбере човек како него. Но, сите што го познаваат, сите што работеле или соработувале со него го разбираат тоа.

Токму љубовта го направи своевиден алхемичар во археологијата, човекот кој го врати „Свети Климент“ на Плаошник, оној којшто руината на Високото кале во Охрид ја претвори во Самуилова тврдина, визионер кој од мртвите колци во водите на Охридско Езеро ја создаде наколната населба во Заливот на Коските… и на многу други локации од минатото им даде реална димензија во сегашноста… Зар ние да молчиме за делата што го носат неговиот печат и говорат гласно со јазикот на иднината.

На крајот, сакаме да потенцираме дека оваа реакција не е предизвик за еминентните душегрижници да си ги исплакнат своите остри јазици, ова е само израз на благодарност од една група институционално неприфатени и маргинализирани археолози – ентузијасти на кои Паско Кузман несебично им подаде рака и им овозможи да се докажат во археологијата како активни фактори, ” пишува екипа археолози од Самуилова тврдина во Утрински.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.