Човекот од Кливленд кој беше обвинет за киднапирање и силување на 3 девојки во рок од една деценија, Ариел Кастро, се изјави како невин.
Кастро би можел да се соочи со смртна казна доколку се прогласи како виновен за убиството на нероденото дете кое било во утробата на една од девојките.
Воедно киднапирањето и силувањето во Охајо не се третираат како смртен прекршок.
Случајот излезе на виделина откако Аманда Бери, 27, успеа да избега со својата шестгодишна ќерка на 6 мај со повик до еден од соседите за помош.
Полицијата потоа пронајде уште две други жени во куќата на Кастро, Џина Де Хесус, 23, и Мишел Најт, 32.
Сите три исчезнале во различни инциденти во 2002, 2003, и 2004 на возраст од 14, 16, и 20 години.