Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Армстронг бара втора шанса

0
By Сашка Цветковска on January 19, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот велосипедист кој во интервју пред два дена го призна допингот, во второ интервју кај Опра изјави дека би сакал повторно да се натпреварува.

„Заслужувам да бидам казнет. Сепак не сум сигурен дека заслужувам смртна казна. Нема да лажам. Би сакал да добијам шанса повторно да се натпреварувам, но тоа не е причината зашто се решив да го направам ова“, изјавил Армстронг во второто, многу поемотивно интервју кај Опра Винфри. 

Поради допинг, на Ленс Армстронг му се избришани сите резултати што ги постигнал од август 1998 година, одземени му се седумте титули на Трката околу Франција, медалот од Олимписките игри во Сиднеј и сите останати титули. 

Американецот и во второто интервју истакнал дека постојат луѓе кои од почетокот биле свесни дека тој се допингувал, но повторно не сакал да ги открие нивните имињата. 

Доказите за Армстронг, дека тој во текот на кариерата употребувал недозволени супстанци, пред американската анти-допинг агенција ги дадоа 11 негови колеги, со цел да добијат само шестмесечни забрани за настап. 

Иако посакува повторно да се натпреварува, Амстронг сепак не е оптимист, дека тоа може да се случи. 

„Ова е себично, но сакам да добијам уште една шанса, сакам да ми ја укинат доживотната суспензија. Сепак, реално не очекувам дека тоа ќе се случи. Морам да живеам со тоа“, рекол Армстронг. 

Некогаш најголемото име на светскиот велосипедизам, признал дека се чувствува посрамено откако аферата била откриена, а мала емотивна криза доживеал кога Опра му го споменала неговиот 13-годишен син Лук, кој го бранел својот татко во училиштето. 

„Тогаш знаев дека мора да му кажам. Тој никогаш не ме праша, едноставно ми веруваше. Му кажав повеќе да не ме брани, тој само ми рече дека ме сака и дека тоа нема да се промени“.

Инаку, телевизиската мрежа на Опра Винфри, на која беше емитувано интервјуто, не побарала никаква финансиски надомест за негово емитување, сепак Армстронг признал дека парите сега му се проблем, откако поради аферата го напуштиле сите спонзори

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.