Во интервјуто, Армстронг признал многу работи, малку се извинувал и истакнал дека „човечки е невозможно седум пати да се победи на трката околу Франција“.
„Целта беше да се победи по секоја цена. Кога ми беше дијагностициран ракот бев подготвен да сторам се само за да преживеам. Таквиот став го пренесов и на велосипедизмот. Оваа ситуација ја гледам како лага која ја повторив многу пат. Остатокот од животот ќе го минам, во обиди да ја вратам довербата“, рекол Армстронг.
Некогашната легенда на велосипедизмот, а сега човек кого сите го избегнуваат, навел дека до победите на ‘Тур Д’Франс’ стигнал благодарение на допингот.
„Допингот беше неопходен за да победи на трката околу Франција, исто како што е неопходна водата или воздухот во гумите“, рекол Армстронг.
Тој признал дека користел ЕПО и уште некои други забранети супстанци е дека тогаш не чувствувал вина.
„Тогаш немав чувство дека лажам, гледав како на борба на некое друго ниво. Сепак, сега вината и срамот се само мои. Не се плашев дека ќе ме откријат, тоа беше најголемиот допинг-проект во спортот, многу интелигентен , контроверзен план со минимум ризик“, рекол Армстронг.
Велосипедистот на кого поради допинг му се избришани сите резултати од 1998 година, потврдил дека во иднина ќе соработува со американската анти-допинг агенција.