Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсиќ: Изворот пренесе важни информации за 30.000 лажни лични карти

0
By Нова ТВ on November 23, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новинарот на Фокус кој ја објави аферата за 30.000 фалисификувани лични карти, Љубиша Арсиќ, вечерва во емисијата „360“ зборуваше за тоа како дошол до 105 фалсификувани лични карти и за кредибилетот на изворот.

Личните карти биле тројазични, односно англиски, македонски и албански. Освен Македонци и Албанци, на личните карти фигурирале и Роми и Турци. Изворот напоменал дека личните карти немаат метална фолија, а му ги доставил на Арсиќ од причина што тој претходно пишувал на таа тема.

Арсиќ во 360 степени рече дека изворот најмалку 4 елементи го прават кредибилен.

„Секако дека и јас размислував околу кредибилитетот на изворот. Ми се врзуваат најмалку 4 елементи кои го прават кредибилен. Пред се, самото тоа што тој доставува 105 лични карти за тоа што и инспекторите во МВР констатираа со голо око дека се работи за фалсификат.
Ако во краткиот разговор тој пренесува многу важни информации иако очигледни беа паниката и стравот посочува дека се изработени 30 илјади лични карти, дека биле вклучени полициски службеници и сознанието дека на 2 тајни локации се изработувале илјадници лични карти тој кажа дека овие лични карти се користени на избори.

Дел од полициските прашања беа фокусирани за изворот. Неговата анонимност останува затоа што и јас лично не го познавам. Едната трага може да оди преку овој човек за да види дали е тој вклучен во овој фалсификат или е во блиски релации со тие кои го направиле“, вели Арсиќ.

„Откако поразговаравме се сеќавам дека моето последно прашање е тоа дека јас му пренесов зошто мене ме изложувате на ризик, зошто јас да имам ваков доказен фалсификуван материјал зошто не вие, ми рече подоцна во некоја друга фаза.

Јас практично ги имав личните карти 48 часа гледав што поскоро да ги предадам во полиција. На прв поглед личната карта наликува на оригиналнa, ако не ги споредите со лична карта. Ако ја земете само едната фалсификувана и ја дадете на некој шалтер, ретко кој би препознал особено ако е нешто набрзина да се заврши работа, дури сметам дека и членовите на избирачки места тешко би препознале“, додава тој.

Арсиќ проценил дека материјалите треба да ги достави во МВР бидејќи кај нив се механизмите, но очекува министерот за внатрешни поскоро за случајот да ја информира специјалната обвинителката.

Инспекторите кажале уште утредента треба да е известено Основното јавно обвинителство.
Во текстот на Арсиќ, објавен во последниот број на Фокус, пишува дека на две тајни локации во скопско Шуто Оризари и во Штип биле изработени повеќе десетици илјади фалсификувани лични карти. 105 од тие фалсификувани беа доставени до Фокус, кој потоа ги предаде на Министерството за внатрешни работи за понатамошна истрага.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025
ФОКУС

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

ВЕСТИ October 14, 2025

Гренландско-данската истражувачка Инге Бисгард, словачката иницијатива „Про Монумента – Превентивно одржување на споменици“, реновираната зграда…

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.