Данела Арсовска: Една молба за сите вас кои сте паметни и самосвесни граѓани, врз кои сендвичите од штаб немаат влијание на слободната мисла, да им објасните на овие Борковите бот спасители.
Јас ја донесов Европската младинска олимпијада 2025 во Скопје, но не ја организирав, кога требаше да се отпочне не исклучија и ја организираа МОК и Борко Ристовски
Исто ја донесов и титулата Европска претстолнина на културата 2028, која исто така нема да ја организирам, немој и за ова да сум крива во 2028.
Тоа што некој на тацна ви го овозможил, од што сте заслепени од ароганција, крадење и лажење, не сте способни ни да го спроведете.
Град Скопје добиено 0 денари и потрошено 0 денари на Европската младинска олимпијада 2025, БИДЕЈЌИ НЕ СМЕ ОРГАНИЗАТОРИ.
Ако бевме организатори веројатно сами себе ќе се поканевме на церемонијата на отварање
Сега прашајте ги МОК и Борко колку пари потрошија и на кои фирми ги поделија.
Извор: Фејсбук