Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска: Гасификација, чистење на дивите депонии и бесплатен еколошки јавен превоз – решенија за еколошко Скопје

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 РЕПУБЛИКА
Архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје не е чист еколошки град и загадувањето во Скопје сè уште е тема меѓу скопјани. Година кога времето е ветровито може да ги намали параметрите кои укажуваат на загадувањето, но тоа во ниту еден случај не е трајно решение. Во програмата за модерно Скопје планирано е формирање на зелен совет со експерти за животна средина и претставници од невладиниот сектор каде ќе се разгледуваат сите прашања од областа на екологијата и урбаниот хаос во Скопје. Ќе се отвори и зелена линија каде граѓаните ќе може да пријават загадување и инциденти поврзани со животната средина, а инспекциските и интервентните тимови ќе преземат акција веднаш без одложување, рече независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција од Градскиот парк во Скопје.

Таа рече дека во изминатите денови започна зголемување на загадувањето и само за четири дена бројките кои го покажуваат степенот на загадување се зголемуваат и тоа е достапна информација во јавноста од официјалната страна и на Министерство за животна средина и просторно планирање. Токму затоа таа најавува сериозен пристап и почеток на системско решавање на проблемите веднаш, без одложување.

– Уште во првите 82 дена од мандатот ќе ги исчистиме дивите депонии каде се согорува опасен отпад. Ќе набавиме 250 еколошки автобуси и ќе го олесниме пристапот до јавниот превоз, а со бесплатниот и квалитетен јавен превоз се очекува намалување на користењето автомобили и сообраќајниот метеж. Ќе бидат воспоставени повеќе пешачки зони во општините, каде што пешаците и велосипедистите ќе имаат приоритет пред автомобилите. Секоја година ќе бидат засадени 100 000 нови дрвја за да го зголемиме зеленилото во градот, нема повеќе да се сечат дрвја ниту во центарот ниту на кое било друго место во градот. Ќе иницираме закон за заштита на Водно и ќе се отпочне со продолжување на жичницата, додава таа.

Како едно од решенијата во програмата на Арсовска е и гасификација на Скопје со што ќе се овозможи еколошко решение за скопјани, како и креирање на повеќе зелени површини во градот, што дополнително ќе придонесе до намалување на загадувањето и овозможување на чиста и здрава животна средина за сите скопјани.

– Со работа за конечна реализација на гасификацијата и ќе се овозможи еколошко решение за скопјани. Ова е едно од барањата на коишто посочуваат скопјани. Дополнително, ќе се реализираат 5 нови мега парка. Мора да има системски решенија за загадувањето. На скопјани им е доста од оправдувања дека нема време нешто да се среди. Знаеме сите дека треба волја и план. Потребни ни се ефикасни и целосни, а не половични решенија. Да почнеме да ги менуваме работите, за наше Скопје, за модерно Скопје, рече Арсовска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.