НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска го прозива шефот на кабинет на Шилегов, Наумоски демантира дека трошел по кафеани и дека е на боледување

0
By НОВА ТВ Balaban on December 17, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арсовска истакна дека Наумоски земал одмор и боледување и не се појавува на работа да даде отчет и да ја предаде функцијата. Наумоски тврди: „Дури ни кафе не сум се напил, не сум имал право на трошоци на репрезентација, ниту лично, ниту секторот со кој што раководев. А Арсовска не ми го потпишува решението за отказ!“ 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешниот брифинг со новинарите истакна дека шефот на кабинет на Шилегов, Никола Наумоски наместо да зборува против градот и местото од каде што зема плата, да се појави и да даде отчет за потрошените пари, за сметките од кафани и бројните злоупотреби кои се направени во негово време.

Арсовска истакна дека Наумоски земал одмор и боледување и не се појавува на работа да даде отчет и да ја предаде функцијата.

– Го гледам човекот кој беше шеф на кабинет на претходниот градоначалник кој се дрзнува да зборува против местото од каде што ја добива платата, а ја добива од парите на граѓаните на Градот Скопје и притоа си зема одмор, зеде боледување и не доаѓа на работа да даде отчет и да ја примопредаде функцијата. Треба да даде отчет и да каже каде се сите пари кои ги потрошил, рече Арсовска.

Таа нагласи дека Наумоски треба да објасни за парите за кафаните кои ги правеле во износи од илјадници евра, да каже што е она што го направи вклучувајќи ги неколку злоупотреби кои се детектирани и кои мисли дека со дрско однесување ќе може да му биде простено или заборавено.

Нема да биде простено и заборавено и да знае дека ќе одговара пред граѓаните и градот. Ќе одговара затоа што многубројните злоупотреби кои се направени нема да се покријат со ароганција и дрскост, истакна Арсовска.

Наумоски: Дури ни кафе не сум се напил, а Арсовска не ми го потпишува решението за отказ! 

Никола Наумоски предмалку на својот Фејсбук профил ги демантираше обвинувањата изречени од Арсовска.

– Би сакал изричито да демантирам дека сум трошел пари за кафани, дека има било какви злоупотреби или дека сум (бил) на боледување. Во изминатите 4 години ни денар не сум потрошил на сопствено частење, другари, соработници или колеги. Дури ни кафе не сум се напил, не сум имал право на трошоци на репрезентација, ниту лично, ниту секторот со кој што раководев – тврди  Наумоски и додава:

– Арсовска не ми го потпишува решението за отказ, иако првично бараше емаилот за отказ да и го дадам на хартија. Сега ме клевети дека сум бил на боледување. Наместо да го цени тоа што џентлменски ослободувам висока раководна позиција во администрацијата, каде може да постави свој близок соработник, што не останувам во администрацијата за да добивам плата од буџетот (како мојата претходничка), таа си обезбеди тужба за клевета. Ама прво морам да побарам извинување, наведува Наумоски на Фејсбук.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.