Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовски: Болницата во Козле има дозвола, но нема кадар за одржување

0
By Менче Атанасова Точи on November 5, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управителот на фирмата која ја градеше болницата во Козле, Делчо Арсовски тврди дека без вработени кои ќе се грижат за техничката опрема, прашање на време е кога ќе се случи трагедија, пострашна од пожарот кој изби минатата недела

Болницата за белодробни заболувања кај децата-Козле нема никакви недостатоци во инсталацијата и за неа е издадена Употребна дозвола од страна на Министерството за транспорт и врски, тврди Делчо Арсовски управител на фирмата Македонија Медикал која во конзорциум со уште две фирми ја изградија болницата, а на 13.12.2015 беше официјално пуштена во употреба.

Тој тврди дека тимот кој бил обучен од нивна страна за  технички да ја одржува болницата е комплетно сменет и поради тоа постои опасност од нестручно ракување со софистицираната опрема за одржување на болницата. Делчо Арсовски вели дека без вработени кои  ќе се грижат за техничката опрема, прашање на време е кога ќе се случи трагедија, пострашна од пожарот кој изби минатата недела.

„Болницата нема ниту еден недостаток, но е оставена без вработени кои треба да ја одржуваат техничката опрема. Поради тоа е во опасност понатамошниот опстанок на болницата и прашање на време е кога може да се случи поголема трагедија. Во кругот на болницата има складирано големи количини на експлозивни материјали, како што се резервите на нафта и медицински гас и ракување на нестручен кадар со овие материјали преставува темпирана бомба за болните деца, вработените и околината,“, вели Арсовски, за НОВА.

Според него, не се точни тврдењата на директорот на болницата дека пожарот избил поради неизолирани жици, туку дека аспираторот за воздух вртел цел месец без престан поради што се стопила пластиката.

Делчо Арсовски во редакцијата на НОВА донесе документи: Записник за технички прием со Предлог Министерството за транспорт и врски да издаде Употребна дозвола и Одобрение за употреба на болницата.

Документите се од Комисијата се комисијата за технички преглед и од Министерството за транспорт и врски, од каде сепак се гледа дека е Одобрението  за употреба е издадено две недели по официјалното пуштање на болницата од страна на тогашната власт, екс премиерот Груевски и екс министерот за здравство Тодоров кои во декември 2015, болницата ја пуштија во употреба без технички прием и Употребна дозвола.

 

Менаџерскиот тим на болницата тврди дека овие документи досега ги немало во архивата на болницата.

„Ова Одобрение за употреба досега го немаше во болницата. Интересно е каде го најдоа и зошто го извадија од фиоките баш сега. Како што може да се види документот е со важност од јануари 2016, а тоа значи дека гаранцијата од две години која ја имаат дадено, важи се уште“, изјави Ангелчо Андоновски, медицински директор на Болницата за белодробни заболувања во Козле.

Поради недоразбирањата со фирмата која ја градела болницата и инцидентот со пожарот минатата недела, менаџерскиот тим побарал од Бирото за вештачење да изврши увид на инсталациите, водоводната мрежа и на целиот објект, за што добиле поддршка и од министерот за здравство Венко Филипче. Директорот Андоновски тврди дека не отпуштиле ниту смениле од работа никаков обучен тим за техничко одржување на болницата.

„ Не е точно дека имало обучен тим за техничкиот дел до работата кој ние сме го отпуштиле или смениле од работа. Болницата има две години гаранција и фирмата која ја градела има обврска да ги санира сите недостатоци, особено покривот кој што тече поради големите дупки. Викнавме тим од Бирото за вештачење и тие нека проценат што е направено, а што недостасува“, вели Андоновски.

Арсовски пак вели дека покривот пропушта заради блокот Ѓ кој е наменет за операциони сали и е изграден малку подоцна поради што се јавил процеп.

„Со донација од наша страна ќе се реши овој проблем, се чека само на дозвола од општина Карпош. Направивме убав објект за децата и не смееме да дозволиме нестручен кадар да управува со болницата“, вели Арсовски.

Минатата недела во болницата изби пожар, за кој менаџерскиот тим тврди дека настанал од стопени жици за аспиратот кои не биле изолирани. Тимот се пожали на многу недостотатоци во градбата за што рекоа дека реагирале уште  минатата година во месец септември до Проектната единица на Министертвото за здравство.

Детската болница во Козле е градена со кредит од Банката на Совет на Европа и чини седум милион евра, како што тврди изведувачот, заедно со медицинска и немедицинска опрема.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.