Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Асоцијација на Архитекти на Македонија: Да се прекине постапката за градење кај ресторанот „Парк“

0
By Нова ТВ on March 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време кога се соочуваме со опасност од одземање на статусот на Охрид и охридскиот регион како природно и културно наследство на УНЕСКО, односно наследство во опасност, сметаме и го охрабруваме Градоначалникот на Општина Охрид и сите надлежни институции (локални и национални) да постапуваат согласно и исклучиво со законските уредби, пропишаните правила и прописи, стои во соопштениеот од Асоцијацијата на архитекти на Македонија кое реагира во врска со јавно пласираните информации кои се однесуваат на изградба на нов хотел на локалитетот “Горица“ во Охрид, на место каде што сѐ уште егзистира постојниот објект на ресторанот на веќе срушениот “Хотел Парк“.

-Она што е потребно во овие моменти е транспарентност на локалната самоуправа за активностите кои ги превзема. Целата е јавноста да има увид во постапката за изградба на планираниот објект “Хотел“ со катност П+3, особено во:

Урбанистичкиот план за локалитетот од 2009 година (кој не даден на јавен увид на веб-страната на Општина Охрид);

Мислењето од Националната комисија за УНЕСКО;

Водостопанската согласност од Министерството за животна средина со која се дава дозвола за градба на објект во заштитениот појас со ширина од 50 м’ од највисокиот водостој на Охридското Езеро.

Од аспект на доследното и стручно работење на институциите ААМ прашува дали се синхорнизирани и усогласени Урбанистичкиот план од 2009 година (како план од пониско ниво) со Плановите од повисоко ниво и тоа:

Простоен план на Република Македонија;

Просторен план на Охридско-Преспанскиот регион;

Планот за управување со Охридскиот регион;

Планот за управување со Националниот парк Галичица. Како и Стручна анализа за усогласеност на урбанистичкиот план со законската регулатива која го уредува планирањето и која го допира истото:

Законот за урбанистичко планирање;

Законот за градење;

Закон за заштита на природата;

Закон за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион;

Закон за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро;

Закон за води.

Дополнително, проблемот се усложнува и со фактот дека се отпочнати дури и градежни активности и покрај тоа што е надминат законскиот рок за отпочнување со градба најмногу 2 години од издавањето на одобрението за градење согласно Член 66 од Законот за градење. Во него се пропишува дека доколку е надминат рокот издаденото одобрение за градење е неважечко, а идната градба бесправна.

Постојниот објект, за кого е предвидено негово рушење, претставува наградено репрезентативно архитектонско дело на Архитект Павел Балабан од страна на ААМ на БИМАС во 1989 година, кое со својата форма, дизајн, габарит и функција внимателно создава симбиоза меѓу природата и артифициелното, односно Охридското езеро и околината со автентичната (уникатна) охридска архитектурата од 20-от век.

Во неможност за увид во плановите и проектите за новиот објект – Хотел, кој треба да го замени постојниот награден објект, како и стручна анализа за усогласеноста на Урбанистичкиот план со Плановите од повисоко ниво и Законската регулатива, бараме да прекине постапката за градење до нивно објавување и позитивна стручна анализа со вклученост на стручната јавност, велат од Асоцијација на Архитекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

ВЕСТИ September 30, 2025

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет одржа говор во Пентагон пред повеќе од 800 врвни…

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.