Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Астрономски цени за оштетените учебници

20
By Менче Атанасова Точи on September 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од утре и официјално започнува новата учебна година. Наставата годинава ќе ја следат околу 200 000 ученици. Во средношколските клупи се запишаа 20 049 ученици и 20 700 првачиња. Продолжува трендот на опаѓање на бројот на првооделенци во училиштата низ Македонија. Во Министертвото за образование минатата недела изразија загриженост поради оваа појава.

– Со жалење морам да констатирам дека во изминатите пет-шест години има во просек од 500 до 700 помалку запишани првачиња. И оваа година бројот е намален во однос на минатата. До денес се запишани 20.774 првооделенци, бидејќи уписот трае уште, очекувам бројот да порасне. Но, дефинитивно, ќе има повторно помалку запишани во прво одделение, рече министерот за образование Спиро Ристовски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ОУ „Блаже Конески“..

Родителите пак ги загрижува цената на учебниците и неможноста на учениците да користат поголем број од книгите поради нивната лоша состојба. Учебниците кои децата ги користат веќе четири години се наоѓаат во лоша состојба.

Петтата по ред генерација коа ќе треба да ги користи овие книги веќе се прашуваат како ќе учат од одлепени учебници, без корици, со страници кои недостасуваат. Родителите се загрижени, не знаат што да прават.

-Не знам како ќе справиме со ситуација оваа година, учебниците се во многу лоша состојба изјави загрижен родител за НОВА.

Премиерот Груевски ги смирува родителите и наставниците.

-Eдинстево што загрижува е намалениот број на запишани прво одделенци. Родителите и годинава не мора да се грижат за учебници и превоз бидејќи и оваа ќе важи мерката за бесплатен превоз и бесплатни учебници за учениците. Тие што се стари ќе бидат заменети со нови, најави премиерот Груевски.

Според правилата учениците се должни да ги чуваат учебниците , а родителите треба да платат доколку се случи некој учебник да биде оштетен. Но, родителите велат дека ваквата обврска во случајот е многу нелогична со оглед на тоа што неможе да се работи со голем дел од учебниците бидејќи се распаѓаат. Со ова ситуација се запознати и директорите на училиштата информира телевизија Телма.

-Обично го информираме Министерството за бројот на оштетени учебници, но многу често родителите не не` известуваат и веднаш ги копираат овие книги, вели Драган Арсовски директор на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“.

На веб страна на Министертвото за образование стои ценовник за секој оштетен учебник посебно. Родителите на децата кои ги оштетиле книгите треба да платат 70 проценти од продажната цена на учебниците.

Но, зачудува фактот што сумата која треба да се плати за одредени учебници е за 20 до 35 проценти, а за некои и многу повисока од минатата година. Ваков тренд на зголемување на цените на оштетените учебници е забележлив и минатата година, но со многу помал процент на зголемување.

НОВА се обиде да истражи и увиде дека слична е ситуацијата со цените на оштетните учебници во основното, средното-стручно и гимназиското образование.

Така еден учебник по Француски јазик за средно гимназиско образовани за кој во 2011 –та требало да се плати 310,80 денари, во 2012 чинел 450,17 денари, годинава за неговото оштетување родителите треба да платат 551,25 денари. Ова е за 23 проценти повеќе од лани или речиси 80 проценти повеќе од пред две години. Иста е ситуацијата и со цените на другите учебници.

Нејасно, е дали цените на оштетените учебници се зголемуваат со растот на цените на новите учебници на пазарот.

Доколку е така, надлежните имаат обврска да го земат во предвид фактот дека годинава станува збор за учебници кои ќе се користат петта година по ред, кои се максимално користени во претходните четири години, а чие оштетување е нормално кога станува збор за хартија коментираат за НОВА родители кои сакаат да останат анонимни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.