Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нара. Кон него биле испукани два куршума од кои едниот го погодил во грб.
Абе е веднаш префрлен во болница, без знаци на живот. Напаѓачот е идентификуван и уапсен. Станува збор за 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е поранешен припадник на јапонската морнарица.
Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол.
Абе беше премиер на Јапонија во 2006 година, а потоа и од декември 2012 година до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.