Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атина и Скопје повторно се караат за Македонија, но за која?

0
By Нова ТВ on August 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атина и Скопје повторно се караат за Македонија, но за која? Со ова потпрашање во поднасловот на текстот „Воини на коњи“ весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува за спорот околу името.

Во подолгата анализа на авторот Михаел Мартенс прво се набројуваат актуелните случувања во меѓусоседските препирки, како извиците со кои се дочекувале македонски туристи од наводни членови на „Златна зора“, од типот „Македонија е грчка“ или, како што се тврди во Скопје, испишувањето на македонски автомобили во Грција со националистички пароли.

Потсетувајќи на ставовите на Грција во спорот со името и барањето за преименување на соседот, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) оценува:

„Спорот околу името е една од најважните политички сфери во кои Грција се уште може да демонстрира сила и Владата тоа го користи. Македонија против грчките понижувања, во меѓувреме, се брани со слично ирационални средства“, оценува весникот, притоа наведувајќи го проектот „Скопје 2014“ и парите потрошени за него.

„Заедничко за сите градби е што се дел од еден проект на самопотврдување на македонската нација. Македонија се однесува како да е моќна држава, чиј народ со векови има цврсто утврден идентитет. Тоа е на минатото потпрена одбранбена реакција на грчкото и делумно на бугарското негирање на егзистенцијата на македонска нација.“

Според ФАЦ, спорот од почеток бил ирационален. Посетувајќи на Балканските војни, весникот наведува:

„Тогаш, како што се вели во многу книги и текстови, нешто повеќе од половината од истрискиот регион Македонија и‘ припаднала на Грција, околу 40 проценти на Србија, а остатокот на Бугарија. Но веќе самото вакво тврдење има несигурна подлога, зашто во Османлиското царство немало провинција Македонија. Што би можела да биде основата за пресметување на формулата на поделба?

Германско-турскиот историчар Фикрет Аданир, кој до неодамна предаваше на истанбулскиот универзитет Шабанчи, потсетува дека европските територии на Турција во 19. век биле поделени според францускиот систем на департмани во редица вилаети. Воениот плен што во 1912/13 година го поделиле Белград, Софија и Атина опфаќал три вилети во Османлиското царство Ускуб (Скопје), Монастир (Битола) и Селаник (Солун).

Никој во Истанбул за тоа не го користел името ’Македонија’ , а и словенското население во регионот не се дефинирало во целост како македонско. Грчките националисти, освен тоа, велат дека во најдобар случај регионот меѓу денешните северномакедонски (од грчка перспектива, н.з.) градови Битола и Охрид бил дел од некогашната античка македонска држава, но не и големиот дел на територијата на поранешната југословенска република, поради што Македонија денес не смеела да се нарекува Македонија.

Кој на словенските Македонци, повикувајќи се на ваква аргументација, сака да им забрани да се чувствуваат како Македонци, би можел исто толку како доказ да го земе неолитот за да аргументира ’за’ или ’против’ нешто.“

На крајот на текстот, авторот заклучува:

„Добрата вест е што многумина Македонци, барем за време на одмори, очигледно не дозволуваат да бидат заразени од ваквата фуриозност. Грција за нив останува најпопуларна дестинација за одмор. Македонските туристи ги сакат грчките плажи, зашто нивната татковина нема излез на море, а грчките хотелиери ги сакаат парите на Македонците, зашто нивната татковина нема пристап до кредити“, се вели во текстот на ФАЦ со наслов „Воини на коњи“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.