Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал со 6:3, 6:4, после три меч топки на АТП Лондон Финалето, и со тоа ја задржа титулата од претходната година, а претходно имаше победа 2008.
-Оваа година беше најемоционална година за мене, рече Надал после добивањето на наградата, додавајќи дека и се заблагодарува на публиката за поддршката.
Ѓоковиќ најпрво му честиташе на Надал и на неговиот тим и на фактот што заслужено ја завршува 2013 како прв тенисер на светот, за подоцна да се заблагодари и на публиката.
Гардијан пишува дека Ѓоковиќ ја завршува оваа 2013 година како крал.