Синоќа околу 21 часот и 45 минути во сообраќајна несреќа била прегазена 18-годишна девојка на патот Куманово – Крива Паланка, во близина на селото Љубинци.
Како што соопштија од полицијата, настрадала Деспина А, која се движела по патот, а во неа удрило возило марка „ауди“ кое било управувано од 22-годишниот М.Ј. од Крива Паланка.
Од ударот несреќната жена починала на самото место.
По кратко време од страна на полициски службеници М.Ј. е пронајден. Извршено му е алкотестирање и утврдено е присуство на алкохол во крвта од 1,04 промили.