Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето на Димитар Ковачевски од функцијата. -Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, стои во соопштението од партијата. Воедно, се наведува дека на седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година, Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна…
Американскиот претседател Џо Бајден денеска на Националните гробишта Арлингтон положи свежо цвеќе на Гробот на незнајниот војник а во чест на Ден на сеќавањето. Овој Ден се одбележува еднаш годишно, секој последен понеделник во мај. На Денот на сеќавањето Американците им одаваат почит на сите свои сограѓани кои го дале животот во служба на државата. -Од моментот на основањето на нашата земја воените службеници на вооружените сили биле подготвени да го дадат својот живот – не за човек или место, туку за идеја на која и нема рамна во историјата на човештвото: Идејата за Соединетите Американски Држави. Ние сме единствеа…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен акт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина. Сиљановска Давкова вечерва при учество на настан по повод 20- годишнината од постоењето на Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор. – Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека со назначувањето на Иван Турудиќ за главен државен обвинител, хрватското правосудство влезе во “мрачен период на еднопартиска контрола каков што немало од осамостојувањето на државата“. “Република Хрватска остана без уште една независна институција, бидејќи водството на Државното обвинителство (ДОРХ) го презеде Иван Турудиќ, кој јавно ја изрази својата приврзаност кон Хрватската демократска заедница (ХДЗ)”, рече Милановиќ. Тој истакна дека Турудиќ е избран по волја на премиерот Андреј Пленковиќ и ХДЗ, со политичка асистенција на неколку пратеници во Саборот, кои се безусловно лојални на ХДЗ. “ХДЗ преку Турудиќ ја презеде контролата над клучната институција…
Израелската војска најави истрага поради нападот на Рафа, град на југот на Појасот Газа, во кој загинаа повеќе од 40 цивили. Главната израелска воена обвинителка Јифат Томар Јерушалми го опиша нападот како „многу тежок“ и изјави дека деталите сè уште се под истрага. Таа изрази жалење за смртта на цивилите и увери дека се целосно посветени на истражување на сите околности. Нападот, кој се случи во областа Тел Султан во Рафа, бил насочен кон двајца високи претставници на Хамас. Израелската армија изјави дека нападот бил извршен врз основа на „разузнавачки информации за присуство на терористи“. Сепак, снимките од теренот покажуваат…
Во седиштето на СДСМ на Бихаќка, во тек е продолжение на седницата на Извршниот одбор на која надлежните комисии треба да ги презентираат правилникот и роковникот за предвремените внатрепартиски избори за претседател и раководство на партијата и за организрање на отчетниот конгрес. -Денес имаме состанок на Извршен одбор кој што е практично продолжение на Извршиот одбор од минатата недела на кој што работните групи задолжени за организирање на конгресот треба да дојдат со конкретни роковници, изјави пред почетокот на седницата Димитар Ковачевски кој ја депонираше оставката од лидерската позиција минатата недела по поразот на претседателските и парламентарните избори. Прашан дали…
Новодојденец во германската политика, BSW беше формиранa во јануари оваа година, но веќе ја освои својата прва победа во десничарската жешка точка, Тирингија. Експертите предвидуваат дека партијата би можела да ги заведе гласачите од екстремната десница на претстојните европски избори. Самонаречената левичарска конзервативна политичарка Сахра Вагенкнехт се отцепи од германската партија Die Linke минатата година за да формира своја. Алијансата Сахра Вагенкнехт – Разум и правда (BSW) и нејзиното ветување дека ќе ја запре испораката на оружје во Украина сега ветуваат поделба на гласовите на АфД, потенцијално освојувајќи седум места на европските избори во јуни. Поранешен европратеник и пратеник во…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Овластениот претставник на „Европски фронт“, адвокат Ана Жаревска од канцеларијата на адвокат Мефаил Арслани истакна дека приговорот се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите. -Приговорот за заштита на избирачко право на подносители на листи од страна на коалицијата Европски…
Хрватската безбедносно-разузнавачка агенција (СОА) соопшти дека податоците за возилата и сопствениците на возилата во Хрватска не биле украдени преку хакерски напад, туку биле незаконски копирани од лица со пристап до информацискиот систем. Загрепскиот весник „Вечерњи лист“ објави дека СОА била информирана за „истекувањето“ на 2.444.587 записи за возила и 1.195.052 за физички лица, вклучувајќи имиња, адреси, Лични идентификасиски податоци, ЈМБГ, датуми на раѓање, регистрации и податоци за осигурување. СОА извести дека случајот го пријавила до Државното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на лични податоци, поради можни кривични дела и повреда на заштитата на личните податоци. Министерот…
Претседателот на Иран Ебрахим Раиси, која загина во хеликоптерска несреќа, денеска беше погребан во светиот град Машхад во североисточниот дел на земјата, каде илјадници ожалостени ги исполнија улиците по повод погребот. Раиси, кој имаше 65 години, често се сметаше за можен наследник на 85-годишниот врховен лидер Али Хамнеи, кој ја држи највисоката позиција во Иран. Мохамад Мокбер, кој е прв потпретседател, ќе биде вршител на должноста претседател до изборите на 28 јуни. На погребната церемонија присуствуваа ирански политичари и воени лица, како и верски претставници. Цвеќиња беа фрлани од толпите ожалостени кон бавно движечкиот камион со ковчегот, пред да биде…
Поранешниот министер за внатрешни работи, а сега избран за пратеник од СДСМ Оливер Спасовски смета дека има повеќе причини за поразот на неговата партија на изборите. Меѓу нив, ги посочи Договорот со Бугарија, но и однесувањето на коалицискиот партнер ДУИ, наспроти состојбите во државата. -Има повеќе причини за таквиот резултат, но ако треба неколку да одвоиме, тие се самата поставеност на партијата да ги направи најтешките работи за државата да може да чекориме напред, а тоа е Договорот со Бугарија, која беше цело време зборуван од јавноста. Однесувањето на ДУИ визави СДСМ, визави состојбите во државата. Настаните кои ни се…
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави денеска, говорејќи за руските напади врз Харков, дека зборовите на солидарност не пресретнуваат руски ракети. По руските бомбардирања на Харков и Љуботин во регионот Харков, кои резултираа со жртви и уништување, Кулеба ја нагласи потребата од дополнителни ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“. Тој изјави дека руските напади треба да ги потсетат сите во светот дека на Украина се уште итно и требаат седум системи Патриот. Германија веќе се обврза да обезбеди еден. -Но, добивањето уште шест што е можно поскоро останува клучно не само за опстанокот на Украина, туку и за…