Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 8, 2025 14:26

Советот за албанско-американски односи (AARC) изрази длабока загриженост поради одлуката на Соединетите Американски Држави да го суспендираат Стратешкиот дијалог со Косово, оценувајќи дека тоа е алармантен развој на настаните што бара итна реакција од политичкото раководство на Косово.

 

Веќе некое време, AARC предупредува за ерозија на партнерството меѓу Косово и САД. Дипломатските односи се на најниско ниво досега, а суспендирањето на Стратешкиот дијалог е најновиот и најалармантен пример за ова влошување. Овој тренд мора веднаш да се промени. Враќањето на довербата и партнерството бара тесна координација со Соединетите Американски Држави на сите нивоа, се вели во соопштението на AARC.

Оваа организација вели дека нема суверенитет за Косово без поддршка од СAД и повикува на итни мерки за формирање функционални институции.

Неможноста и неподготвеноста за вклучување во дијалог создадоа екстремна поларизација во Косово. Дури и прашањата што се јасно дефинирани со Уставот станаа предмет на непотребни правни и уставни спорови. Патриотизмот и љубовта кон Косово не припаѓаат на ниту еден поединец или политичка партија. Напротив, владите – без разлика дали се технички или со целосни мандати – и политичките партии имаат обврска да водат одговорно и да создадат средина за политички дијалог. Прашањата за суверенитетот, меѓународните обврски, независноста и другите клучни државни обврски се интереси на целиот народ на Косово, а не само на една партија или влада, се нагласува во рекацијата, пренесува Клан Косова.

Во рекацијата, исто така, се предупредува дека проамериканскиот дух на народот на Косово не смее да се користи за политички цели и укажува на неправдата на сегашната ситуација во која, како што велат, Косово е критикувано, додека Србија добива поддршка.

Во исто време, мора да ја истакнеме длабоката неправда на моменталната ситуација: додека Косово е остро критикувано, Србија – чие раководство отворено се усогласува со Русија и Кина и која спонзорира нестабилност во регионот, вклучително и паравоени упади во Косово – е наградена со состаноци на високо ниво со американскиот државен секретар и разговори за стратешко партнерство. Сепак, оваа реалност не го ослободува Косово од неговите одговорности. Косово мора да се погледне во себе, да преземе корективни мерки и да ја покаже зрелоста на своите институции и политичко раководство. пишува во реакцијата.

AARC, исто така, ја нагласи потребата од посилно институционално лобирање во Вашингтон.

Советот за албанско-американски односи ги повикува институциите и политичкото раководство на Косово да се соочат со овој момент на криза, да дејствуваат со единство и одговорност и да обезбедат партнерството со САД да остане силно, ефикасно и ориентирано кон иднината.

Соединетите Американски Држави го суспендираат на неодредено време стратешкиот дијалог со Косово, поради загриженост во врска со активностите на техничката влада во Приштина, соопшти амбасадата на САД во Приштина.

Косовската претседателка Вјоса Османи, се огласи изразувајќи загриженост, но и жалење поради ваквата одлука на САД.

 

институции Итно Косово САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.