Author: Ана Василевска

Околу 100 рудари на Трепча од вчера штрајкуваат за поголеми плати, здравствено осигурување и подобрување на условите за работа, како и за разрешување на раководството. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека трупите на НАТО во Косово неодамна се засилени со неколку стотици војници од Италија, Бугарија, Романија и Велика Британија, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија, денеска започнува првата судска седница против поранешниот премиер Сали Бериша, во врска со приватизацијата на поранешниот комплекс Партизани, пишуваат албанските медиуми. Ова се само дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот. КОСОВО Калѕо: Околу 100…

Read More

На изложбата „Попаметен град“, што беше отворена во саботата во рамки на фестивалот АКТО 18, беше изведен дел од перформансот во развој насловен „Попаметни граѓани 01.“ Во работниот процес беа вклучени студенти од Архитектонски факултет и Факултетот за драмски уметности ки други сродни уметнички факултети во земјава. Овој процес на работа е дел од долгорочниот проект „Градот како сцена: изведување на јавниот простор“, поддржан од Програмата за култура на швајцарската амбасада. Како што соопштија од фестивалот, проектот „Попаметни граѓани“ во следната фаза 02 ќе биде претставен на овогодинешниот театарски фестивал МОТ. Процесот на работа вклучува развој на метода за читање…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел оствари средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на која теми на разговор беа домашните актуелни политички настани, текот на скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година. На средбата вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешнополитички приоритет и дека се прават сите напори Северна Македонија да остане во процесот на преговори и да напредува со другите држави од регионот. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на средбата го најави новиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2023 година, за кој…

Read More

Вчерашниот вооружен напад во трговскиот центар Ист Гејт Мол, предизвика голема паника меѓу граѓаните, особено меѓу оние кои работат во молот или често го посетуваат. Стравот е голем и затоа што за само два месеци ова е втор вооружен напад во овој трговски центар. Трговските центри или по ново, шопинг моловите, се особено фреквентни места каде гравитираат луѓе од најразлични возрасти но и од најразлични социјални статуси и профилијации. Вооружени престрелки, терористички напади не се реткост во трговски центри, особено во САД. Можат ли детекторите за метал да бидат дополнителна заштита од вооружени напади во трговски центри? Сите модерни трговски…

Read More

Најголемата болница во Газа ќе стане „масовна гробница“ доколку остане без гориво, изјави во вторникот британско-палестински лекар кој работи таму. „Вистинското прашање е дали останува нешто од болница кога нема струја? И мојот одговор е не. Ефективно, болницата Шифа ќе стане масовна гробница ако остане без струја“, рече д-р Гасан Абу-Ситах за Џон Воз на Си-Ен-Ен, додавајќи дека моментално има 150 пациенти на вентилатори, а лекарите не можат да работат со операциони сали и апарати за анестезија поради недостигот, јавува CNN. Болницата моментално има „околу 1.700 ранети пациенти, три пати повеќе од нејзиниот капацитет“, рече тој. Со подолги и почести прекини…

Read More

Велешани во голем број работници и студенти кои работат и учат во Скопје и ВО Битола се револтирани поради тоа што Македонски Железници АД Транспорт од денеска ги укина двата од три воза кои сообраќаа од Скопје преку Велес за Битола и обратно. Со тоа од денеска е укинат утринскиот воз кој од Скопје поаѓа во 6,50 часот, во Велес пристигнуваше во 7,50 часот и преку Прилеп пристигнуваше во Битола. Воедно е укинат и возот кој од Скопје за Битола тргнуваше од Скопје навечер во 20 часот, а во Велес пристигнуваше во 21 часот и продолжуваше кон Прилеп и Битола.…

Read More

Враќањето на мировниот процес на Блискиот Исток е единствениот пат напред, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во писмо до шефовите на држави и влади на ЕУ пред нивниот дводневен состанок во Брисел оваа недела. Тој ги опиша настаните на Блискиот Исток како трагедија, но инсистираше на тоа дека тие не треба да го одвлечат вниманието на ЕУ да продолжи да ја поддржува Украина. „Очекувам уште еднаш што е можно покатегорично да ги осудиме терористичките напади на Хамас против Израел и да го признаеме правото на Израел на самоодбрана според меѓународното право, додава Мишел. Според него, ЕУ ќе го…

Read More

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Руските свештеници се во служба на војната на Путин. Наместо молитви за мир, се бараат молитви за победа.  РПЦ и Путин се како сврзани садови.  Очигледен е линкот меѓу РПЦ и МПЦ. Каде е тука македонската политика? Свештеникот Андреј од Руската православна црква долго време имал етички дилеми во врска со војната која неговата земја ја започнала во Украина. Пред сѐ, заради тоа што Кремљ започнал братоубиствена и со ништо неиспровоцирана војна. Потоа, во својата паства имал и повратници од фронтот – некои дезертирале, други се криеле за да не заминат, трети не биле воени обврзници, но едноставно…

Read More

Итно свикување на Политичкиот секретаријат на СИРИЗА и одржување на Конгресот што е можно поскоро, бараат Ефи Ахциоглу, Насос Илиопулос и Алексис Харицис, пратеници од СИРИЗА и поранешни министри, велејќи дека ситуацијата во партијата е сериозна и „сите имаат одговорност за единството, а пред сè раководството на партијата“, јави дописничката на МИА од Атина. Во заедничката изјава тројцата членови на најголемата грчка опозициска партија истакнуваат дека „СИРИЗА е во многу сериозна криза“ и додаваат дека имаат обврска пред граѓаните кои ги поддржуваат, да го запрат падот на партијата. „Политичките несогласувања постојат и затоа веќе е одредено одржување на вонреден Конгрес,…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на вчерашната седница на Влада го презентираше првиот Извештај за статусот на имплементација на проектите од Планот за активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Извештајот е подготвен од Министерството за надворешни работи, како координатор на целокупниот процес, врз основа на кварталните извештаи за реализирани активности доставени од страна на надлежните министерства, владини институции и агенции. Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан која одржа Стратешки дијалог со САД на 2-ри јуни минатата година, во Вашингтон. Со тоа, билатералните односи меѓу двете земји се издигнаа на повисоко ниво, зајакнувајќи…

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Нам ова треба да ни го вклучи алармот дека ако сме во состојба доцна и срамежливо да осудиме  вакво „дефиле на глупоста“ како би реагирале за случаите на вакви предатори кај нас? „Не во наше име!“, стоеше меѓудругото во синоќешната реакција потпишана од петмина филмаџии, со која изразија револт за доделувањето на наградата за придонес во филмската уметност на српскиот актер Бранислав Лечиќ на скопскиот филмски фестивал „Киненова“. И подобро сега отколку никогаш, иако ова излегува како „по свадба тапани“, бидејќи фестивалот што се одржа од 13-22 октомври во Синеплекс, во целост ја реализираше својата програма, и…

Read More

Овој четврток 26.10.2023 во културниот центар Бруталиск се отвора изложба на фотографии од бруталистичките и модернистички вертикали од македонските градови на скопската фотографка Снежана Алексовска. Изложени ќе бидат 41 фотографија во црно-бела техника, а посетителите ќе можат да ја погледнат поставката и во наредниот месец по отворањето. „За мене бруталниот град е повеќезначен наслов кој истовремено го допира сѐ уште доминантниот правец во нашата градска архитектура, особено во Скопје, но и студеноста и суровоста на градовите во кои живееме денес. Овие вертикали и прави линии кои ги гледаме кога ќе погледнеме нагоре се најубавите призори денес и се можеби највредното…

Read More